Магазин

(ВИДЕО) Кралот Чарлс лут: „Не можам да ја поднесам оваа проклета работа“

Кралот Чарлс и кралицата Консорт Камила присуствуваа на прием во замокот Хилсборо во Северна Ирска, каде што се сретнаа со членовите на Собранието на Северна Ирска.

За време на церемониите за потпишување книги, при крајот на посетата, Чарлс сфатил дека на почетокот напишал погрешен датум, а потоа се пожалил на пенкалото што го користел.

Се налутил затоа што течело мастило од пенкалото.

По неговата жалба, кралските помошници набрзина налетале и го смениле пенкалото.

„Не можам да ја поднесам оваа проклета работа“, рече Чарлс додека со марамче ја чистеше дамката од раката, додавајќи дека тоа се случува „секој проклет пат“.

На почеток