Магазин

Акционерите го одобрија Маск да го купи Твитер за 44 милијарди долари

Акционерите на Твитер одобрија договор за продажба на компанијата на бизнисменот Илон Маск, вреден 44 милијарди долари.

Како што пренесува Би-Би-Си, одлуката е донесена за време на кратка видео конференција со инвеститорите во седиштето на компанијата во Сан Франциско.

Овој потег значи дека Твитер сега ќе се обиде да го принуди Маск да ја купи компанијата преку суд.

Имено, Маск се обидел да го раскине купопродажниот договор, наведувајќи дека Twitter го довел во заблуда за големината на корисничката база, како и за бројот на ботови и спам сметки.

Твитер ги отфрли ваквите обвинувања на Маск и го тужеше пред судот во Делавер. Маск потоа поднесе контра тужба.

Компанијата тврди дека Маск нема право да го раскине договорот.

Двете страни треба да се сретнат на суд во Делавер во октомври, а потоа судијата ќе одлучи дали Маск мора да ја купи компанијата или не, додава британскиот јавен сервис.

На почеток