Македонија

Ништо не се менува, во криминалната ВМРО-ДПМНЕ се караат за пари и провизии

„ВМРО-ДПМНЕ останува иста лицемерна и криминална партија, на која приоритет не и се интересите на граѓаните и на државата, туку пари и провизии“, велат СДСМ.

Тие додаваат:

Од една страна зборуваат колку се загрижени за граѓаните, за државата, а од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој да ги земе милионските провизии.

Мицкоски го интересираат само пари, бизнис зделки и влијанија.

Токму тоа е причината за јавните препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и скопската градоначлничка Арсовска.

На Скопје му се случува реприза. Како што Груевски го осакати главниот град со криминалната пералница на пари Скопје2014, сега се заканува нова катастрофа – Скопје 2024 што ја приредува Мицкоски.

Граѓаните ќе го казнат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток