Македонија

Амбасадорското место на Рамчиловиќ е награда за гласањето за промена на името?, прашува Стоилковски

„Антимакедонската СДС продолжува со девастација на дипломатијата со срамни недостоинствени вработувања на свои миленици, а сега и со именувања на амбасадори“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додва:

Именувањето на Зекир Рамчиловиќ, докажан со гласање на антимакедонски зафати во Парламентот, сега е награден со амбасадорско место и тоа среде корупциски скандали и за МНР и за Рамчиловиќ.

Рамчиловиќ без никакво дипломатско искуство се испраќа за амбасадор во време кога е отворен предмет за вработувањето на неговиот син во МВР, откако претходно и за неговата сопруга беше отворен предмет во ДКСК за вработување во кабинетот на МВР.

Именувањето на пратеникот од антимакедонската СДС е дипломатски скандал, во низа по скандалозните обиди за именувања на ликови како Фрчкоски, Теута Арифи и други на амбасадорски и конзулски функции, со што докажано, МНР е претворено во дувло за миленици на антинародната власт!

Оттука Ковачевски и Османи мора да одговорат, со што Рамчиловиќ заслужил да биде именуван за амбасадор? Кои се неговите квалификации?

Ковачевски и Османи мора да одговорат дали дипломатскиот пасош за Рамчиловиќ е награда за корупцијата и антимакедонското делување? Дали е ова обид за сокривање на Рамчиловиќ од правдата за непотистичките вработувања?

Антикорупциската комисија по втор пат отвора предмет за Рамчиловиќ, а корумпираната власт го праќа за амбасадор во држава членка на НАТО!

Наместо постапка пред македонските институции за непотизмот, Рамчиловиќ е награден со амбасадорски, дипломатски пасош за него и неговото семејство!

Македонија меѓународно доживува порази, тоне во скандали, а Ковачевски, Османи и антимакедонската власт се занимаваат со ухлебување на свои миленици и нивно сокривање од лицето на правдата.

Ова е срамно и за МНР и за Македонија. Ова мора да има крај!

Потребни се итни избори по коишто ќе бидат ревидирани сите случаи и ќе има одговороност за сите порази и девастација!

На почеток