Неисчистениот снег по улиците им прави проблеми и на возачите во скопската населба Ѓорче Петров. Улиците се тешко проодни, споредните не се проодни, а возачите мака мачат да стигнат до своите домови.
Општината во изминатиов период одвои 800.000 денари за новогодишни календари со логото на општината и икони од светци, но не најде за сходно да обезбеди соодветна механизација за расчистување на снегот. Фотографиите кои го направи „Скопје 1 “ покажуваат на кој начин градоначалникот Александар Наумовски се справува со снежните наноси.
Имено, работници рачно фрлаат сол низ улиците за да тие не замрзнат поради ниските температури. Жителите од овој дел на Скопје коментираат дека е ова веќе видена слика и истото се случува во континуитет секоја година.
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски со Општината раководи втора година, а минатата година иако улиците не беа исчистени се правдаше дека тоа не е точно туку дека снежните наноси се големи и затоа на улиците има снег, но и дека истите се безбедни за возачите.
Неколку возила кои возеа низ улиците на Ѓорче Петров се излизгаа поради немањето решение за решавање на овој проблем.