Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ФОТО

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Актерката и активистката за чиста животна средина Ирена Ристиќ на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографии од телевизор и кревет фрлени во реката Вардар„Ој, Вардаре македонски… ти ја красиш Македонија“, напиша Ирена во прилог на фотографиите.

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Градот Скоп­је денеска ја одбележува 53-та го­диш­ни­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес. Утро­то на 26 ју­ли во 1963 го­ди­на, во 5 ча­сот и 17 ми­ну­ти, зем­јо­трес со ја­чи­на од 6,9 сте­пе­ни спо­ред Ри­хе­те­ро­ва­та ска­ла го срам­ни Скоп­је со зем­ја и го оста­ви гра­дот без си­те вр­ски со све­тот. За­ги­наа 1.070 ли­ца, по­ве­ќе од 4.000 беа по­вре­де­ни, око­лу 200.000 оста­наа без по­крив над гла­ва­та, 28.000 до­мови беа оште­те­ни и не­што по­ве­ќе од 15.000 ста­но­ви беа ур­на­ти. Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 стран­ски на­ции ис­пра­ти­ле нај­раз­лич­на по­мош за Скоп­је и по­мог­на­ле во из­град­ба­та на но­во­то Скоп­је. Од то­гаш и Скоп­је го но­си епи­те­тот „град на со­ли­дар­но­ста“.Како се градеше Скопје?Обновата и изградбата на новото Скопје, односно развојот на модерната архитектура го карактеризираат неколку фази. Архитектот проф.д-р Михаил Токарев, во својот труд насловен како Историско-критички поглед на архитектурата, објавен лани по повод 50-годишнината од земјотресот, посочува дека првиот важен насатан во архитектурата е економска реформа во земја­та, со која привремено се забранува инвес­ти­рање во објекти од нестопанските деј­ности, односно во оние од високоградбата, што многу го стеснува прос­то­рот на архитектонското проектирање. Вториот важен настан претставува воведувањето на престижната Бор­би­на награда за архитектурата (1965), која уште повеќе го поттикнува нат­пре­варувачкиот дух меѓу архи­тек­тите во земјата. Професорот Токарев наведува дека развојот на модерната архитектура во Македонија од средината на 60-тите години е директно зависен од општествено-политичката состојба во СФРЈ, но и од економ­ски­те услови кои владеат во Републиката. Со економското зајакнување на земјата, во средината на 70-тите годи­ни започнува позасилена архитектонска активност, со што се создаваат рела­тив­но голем број разновидни квалитетни објекти и во Македонија.За победник на овој конкурс е прогласен афирмираниот јапонски архитект Кензо Танге, кој понудил ком­пактна изградба и релативна изолираност на градскиот цен­тар. Целата сторија на Фактор.мк

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Попладнево работници сечеа дрва во близина на хотелот Хилтон во Скопје.Неофицијално причината за сечата е пробивање на нов булевар во Аеродром. Пресечени се сите дрва од пред хотелот до крајот на булеварот.Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин од СДСМ, пред локалните избори ветуваше повеќе зеленило. Сега, револтот кај граѓаните е сосема оправдан бидејќи пред нивни очи се случува токму спротивното. 

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов на социјалните мрежи се пофали со фотографии од столбови пронајдени под тротоар во Карпош 4, новинарката Јорданка Ивановска-Јоци со доза на потсмев вели дека тој го пронашол гробот на Александар Македонски.„Потивко. Петре изгледа го најде гробот на Александар Македонски. Под тротоар на Партизанска. Повикал археолози. Паско, ќе спиеш ли мирно?“, напиша Јоци

Коментари | пред 6 години

katica

ФОТО: Ја најдов Катица, но не во фризерски салон

По вчерашното објавено видео од Катица Јанева, каде таа се разубавуваше во фризерски салон иако е болна, на социјалната мрежа „Твитер“ има лавина од коментари. Некои се чудат зошто е видена во фризерски салон, а не во слаткарница, а други пак, се шегуваат дека е видена на покрив од куќа.https://twitter.com/CartmanMK/status/1153421745182912512https://twitter.com/TheFitzzz/status/1153419834530639873https://twitter.com/vladnik55/status/1153360050204958722https://twitter.com/TheSoulBlightR/status/1153354357162860551https://twitter.com/Fortifikacija/status/1153376930378539008https://twitter.com/KajMakamot/status/1153006603471327232https://twitter.com/crnooka_13/status/1152569015543500800

Коментари | пред 6 години

60884111_2336498276595038_888330383639183360_n

Катица Јанева на „Фејсбук“: Ако не можеш да играш на терен, обично викаш од трибини

Цитатите за подигање на самодовербата се доста застапени помеѓу објавите на Катица Јанева уште во времето пред да биде избрана за специјален обвинител.„Никој не може да ги осудува моите избори, ниту моето мислење, бидејќи никој не ги пробал моите чувства и моите болки . Ти не си изгубена. Само така се чувствуваш понекогаш. Ти се движиш низ промените, имај храброст и знај дека твојата душа те води по патот. Подобро помеѓу празни ѕидови, отколку помеѓу празни луѓе. Ако ја бараш личноста која ќе ти го промени животот, погледни во огледалото“ се само дел од мудростите кои гевгеличанката ги објавувала во времето додека се уште работеше како обвинител во ОЈО Гевгелија.Обвинителката која мистериозно ,,изчезна” од јавноста и веќе една недела успешно се крие, додека јавноста со право ги чека нејзините одговори во врска со случајот ,,Рекет,,, се приклучила кон социјалната мрежа Фејсбук во септември 2014 година.Прочитајте ја анализата на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

67487235_1468830999925093_5035383352471846912_n

ФОТО: Автомобил удри во велосипедист во центарот на Скопје

Автомобил удри во велосипедист, кој поминувал на пешачки премин. Несреќата се случила во центарот на Скопје, во близина на Рекорд.Не е познато каква е состојбата на велосипедистот, а на улицата се уште стои велосипедот.На терен е излезена полицијата која ќе треба да ги каже точните причини за несреќата.

Скопје | пред 6 години

75A26C7E-6328-4F10-BC67-8665AAF1FA06

ГАЛЕРИЈА: Огнот го уништи едриличарскиот клуб во Струга, туристите го споредуваа пожарот со Чернобил

До темел изгоре едриличарскиот клуб "Снегар" кој се наоѓа на популарната “Машка плажа” во Струга. Чадот од пожарот надвисна на струшко-охридскиот регион, а туристите кои беа на плажите го споредуваа со експлозијата на реакторот во Чернобил.Според нашите извори, целосно уништени се комплетната опрема едрилици, даски за едрење и гумењаци.Неофицијално пожарот пеплоса 10 едрилици класа "Оптимист", 2 едрилици класа "Европа", и неколку едрикици класа "Ласер".Спасени се само две три едрилици и еден гумењак.

Македонија | пред 6 години

sneg20190718_193022

(ФОТО) Вака би изгледал Охрид без езеро

На социјалните мрежи кружи интересна фотошоп фотографија од Охрид и неговиот изглед кога би бил без езеро.Фото: Порта.мк

Македонија | пред 6 години

sutka0

(ФОТО) Вака изгледа Хашкото одделение во кое е сместен Боки 13

Притворениот Бојан Јовановски алијас Боки 13, е сместен во Хашкото одделение во затворот, потврдуваат од Истражниот затвор во Шутка.Од таму додаваат дека Хашкото одделение не е за привилегирани, туку било заради безбедносни и здравствени причини.Погледнете како изгледа тоа одделение кое се разликува од другите. Притворското одделение може да се пофали со „хашките соби“ кои затворот ги изгради по барање на ЕУ за потребите на Судот од Хаг.Собите ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку. Има прегради на тоалетите во сите ќелии, па и во „хашките“, единствена разлика е тоа што во нив има веце шолја, а во обичните се „чучавци“. Исто така хашките соби имаат поголема светлина за разлика од обичните на приземјето и поубави душеци.  

Македонија | пред 6 години

boki-13

(ФОТО) Боки 13 со лисици донесен во суд

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете беше донесен во Кривичниот суд во Скопје.Попладнево тој беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

пред 6 години

20190714113536

(ФОТО) Снег среде јули во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс на својата Фејсбук страница.„Тивко врне јулскиот снег. Мусала е облечена во бело“, напишаа Метео Балканс.Ова е невообичаено за овој период од годината.На Балканот се случувало да падне снег во април, во мај, но ова е навистина реткост.

Свет | пред 6 години

2223581

(ФОТО) Еве како изгледа Халкидики од воздух

Објавени се и првите фотографии од Халкидики направени од воздух.Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас рече дека ќе биде понудена помош за три општини на Халкидики заради реконструкција.Бројот на загинати во силното невреме на Халикидики порасна на седум откако вчера е пронајдено телот на маж во областа кај Неа Каликратија.

Свет | пред 6 години

66346580_1800703523409810_1468517105971232768_o

(ФОТО) Општина Ѓорче Петров започна со изградбата на шеталиште за корзо

Во населбата Ѓорче Петров ќе се врати некогашното корзо. Општината планира да изгради мала чаршија со занаетчиски дуќани и кафулиња и амфитеатрална бина во реонскиот парк во Ѓорче Петров.„Започнаа подготвките за изведба на корзото во паркот-белегот на општината, симболот на ноќниот живот и урбаното живеење во Ѓорче.Во моментов во првата фаза се расчистува теренот, ќе се отстранува калдрмата и бетонските елементи од тротоарите а истовремено ќе се постави и подземна инсталација и ќе се нивелира земјиштето по што ќе следи подготовка за втората фаза за уредување на просторот.За првата фаза од општинскиот буџет се издвоени околу 6 милиони денари.Корзото најдобро го отсликуваше духот на старо Ѓорче. Да им оставиме на идните генерации наследство за кое сега постојат само сеќавања. Да ја вратиме забавата , да го вратиме духот на заедништво“, објави градоначалникот Александар Наумоски на својот Фејсбук профил.

Скопје | пред 6 години

66605774_2222377197878574_7224951237521702912_n

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Ѓорче Петров кај пазарот. Во сообраќајката учествуваа два автомобили и мотоцикл.Еден од автомобилите е со искршени стакла, а делови можеа да се видат низ целата улица.Непознато е дали има тешко повредени лица, но моторот беше исфрлен на патот. На местото каде што се случи несреќата увид врши полицијата.

Скопје | пред 6 години

1

ВИДЕО: Поплавени улици, семафори без струја - хаос во Скопје

Поплавени улиците во Аеродром, по краткиот но интензивен дожд. Вистински хаос во 10 минути настана откако се исклучија и семафорите.Поплавените улици се постојан проблем и при најмало невреме во Скопје. До сега, локалната власт не најде решение за санација на овој проблем.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2089438444512680/ 

Скопје | пред 6 години

20190702093223

(ФОТО) Воз кај Куманово излета од шините

Воз од железничката линија Куманово-Скопје, во раните утрински часови излегол од шините, јавува Алсат М.Несреќата се случила во селото Черкезе, Куманово.Покрај материјалната штета, нема дополнителни информации за други штети. Возот е од карго категорија, а пренесувал тежок челик.

Македонија | пред 6 години

IMG_7592-1

(ФОТО) Волонтери исчистија повеќе 300 тони ѓубре од дива депонија кај Куманово

Над 300 тони смет и шут беше изнесено од дивата депонија на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, пред населбата Проевце, во еколошката акција на волонтерите на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.Во чистењето се приклучи и механизацијата на ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово, кои со багери подигнаа 24 приколки од камион и 3 тракторски приколки најразличен отпад, кој несовесните граѓани го фрлаат покрај патот.Повеќе: СДК

Македонија | пред 6 години

Screenshot_10-1

(ФОТО) Еве како одат Скопјани на плажа во Охрид

На социјалните мрежи се појави фотографија на која опишува како Скопјаните одат на плажа во Охрид.„На само едно метро од водата, со кола, и после охриѓани не ги сакале скопјанчишчана. Ам како мојш да ги сакаш?“, стои под фотографијата.

Македонија | пред 6 години

120190621_224359

ФОТО: Булеварот Партизанска пренаменет во паркинг

Булеварот Партизански одреди наместо за за сообраќај, служи како паркиралиште. Колона од десетици возила се оставени на сред булевар, во делот кој е ограден. Ова се случува изминатава недела, откако отпочнаа градежните работи за замена на асфалтот.Додека автомобилите се паркирани на булеварот, возачите седат во една од локалните слаткарници. На ова не реагира полицијата, која треба да ги санкционира.Ваквата слика не е невообичаена за овој булевар. И во деновите кога сите ленти се функционални, првата е секогаш зафатена од несовесните возачи.

Скопје | пред 6 години

64623989_642086052926034_1957952681167290368_n

ФОТО: Се санира атмосферската канализација во Охрид, каде често имаше поплави

Започнаа градежните зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта.Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи.Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.

Македонија | пред 6 години

65284201_493061521436897_6215500602881867776_n

ФОТО: По дождот, ново езеро сред Скопје

По краткиот и обилен дожд кој врнеше во Скопје, неколку улици беа поплавени. Најмногу вода и фотографии на социјалните мрежи се шират од улиците ширум скопската населба Кисела Вода.На булеварот Борис Трајковски, во близина на Цементара, улиците изгледаа како да се излеал базен или да е направено ново вештачко езеро. За тоа сведочат и фотографиите.

Скопје | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Груевски на бизнис забава на брод по Дунав

Откако пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, беше уловен од унгарски новинар кој се обидуваше без успех да му извлече одговори на неколку прашања, истиот ден Груевски бил виден на брод во Дунав. Новинарот Балеж Цеко на својот твитер акаунт објави фотографија од Груевски кој присустувал на прием на брод. Тој таму се наоѓа во друштво со неколку мажи, чиј идентитет не е откриен.https://twitter.com/balazscseko/status/1137495091818520577Според редакцијата на порталот „444“ Груевски присуствувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“.Тој претходно дента се сретнал со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан наводно во сопственост на двајца кинески државјани. Од Министерството за надворешни работи на Унгарија во одговор до порталот за средбата изјавиле дека нема ништо невообичаено вработен од МНР да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер на својата земја.

Македонија | пред 6 години

C9F83417-D973-45A8-8788-0B9CB212D6A1

ФОТО: Скопски ресторан ќе го носи името на Стоилов

Булевар Столе Стоилов 5, вака од денеска пишува во Кафе Ресторанот „Рустинка“, кој е во сопственост на братот на Стоилов, Стефан Стоилов.Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов по вторпат ја подигна титулата европски шампион. Нашиот репрезентативец се најде и на низа критики од многумина поради некои свои изјави, но јасно е дека Столе е омилен лик на цела македонска нација, вклучувајќи ги и сите навивачи на „црвено-црните“.

пред 6 години

BE2156F9-1972-43F9-A376-D6231E1722CC

Приведените полски навивачи објавија фото од притвор

Последните два дена, во пресрет на натпреварот од квалификациите за Европското првенство, Македонија ја пречека Полска.Навивачите на Полска уште еднаш докажаа зошто со озлогласени во низа инциденти, што со полицијата, што помеѓу себе.Дури 223 навивачи беа уапсени, а сега објавија слика како си поминаа во притворот.извор: Sport1.mk

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања