Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ФОТО

CCCDD5D5-9178-44BA-A29E-48E3145B9005

ФОТО: Заев и син му со четирицикл се возеа по ридови

Премиерот Зоран Заев повторно ја покажа својата страст кон моторите. Овојпат Заев на Фејсбук објави фотографии на кои заедно со син му Душко го користат викендот за да се повозат во природа со квадрицикл.„Прекрасно е по ридовите за време на пролетта!“, напиша премиерот на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

61973895_2182252735226325_3704871551540133888_n

ФОТО: Пола од плоштадот во Скопје е раскопан

Половина од плоштадот во Скопје е раскопан, плочките се извадени, а просторот е ограден. Граѓаните се револтирани поради лошата слика која секојдневно ја гледаат. Последна информација беше дека се украдени пумпите за вода, но на плоштадот нема работници за поставување на нови или санирање на евентуален друг дефект.Скопјани прашуваат како е можно за доаѓањето на папата Франциск во неколку дена да се асфалтираат и улици, а не може да се поправи дефект. Според нив, ваквата состојба на плоштадот го грди лицето на Скопје.

Скопје | пред 6 години

61963291_550426715485622_7777010042938589184_n

ФОТО: Нови кампери пред Владата, бараат да им се исплатат 18 плати од државна фирма

Пред Владата се поставени четири кампови на вработени во државната фирма Еурокомпозит. Тие бараат да им бидат исплатени 18 плати. Исто така се жалат на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.„Еурокомпозит“ е дел од 10-ината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници. По распадот на претпријатието секој од посебните правни субјекти во периодот на транзиција. „Еурофуд“, Еуроламинати“, Еуротрејд“, „Еуропрофил“, Хотел Липа и др. заминаа во стечај.Единствено „Еурокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 сега остана околу 280 вработени, но нивните плати се минимални, нешто над 10.000 денари е просечна плата по работник. Поради континуираниот проблем со недостиг од работа, се случува вработените со месеци да бидат пуштени дома со 70 % плата, во очекување на некој подобар договор. Кога пак ќе се успее да склучат одреден договор за работа, тие работата и по две смени, но платите им доцнат.

Македонија | пред 6 години

sting398

(ФОТО) Стинг доби дрес од Вардар

Познатиот пеач Стинг беше меѓу првите кој му го честиташе големиот успех на македонскиот клуб Вардар.Тој пред почетокот на концертот, упати честитка за победата на Вардар. Од Аволон Продукција, Стинг доби дрес од македонскиот ракометен гигант на кој беше напишано неговото име.https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/photos/a.856057867755575/2647678218593522/?type=3

Магазин | пред 6 години

20190602152901

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, загина македонски камионџија

Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.Како што пренесе хрватскиот портал „Индекс.хр“, камионот се судрил со автобус од Босна и Херцеговина.Хрватските власти јавија дека возачот на каминот починал, а од автобусот полесно повредени се 10-15 патници.Во тек е полициски увид.https://www.facebook.com/24sata/videos/2828564477217155/ 

Свет | пред 6 години

BILBORDI_AKCIJ_01062019-4-e1559382862698

(ФОТО) По отстранувањето на палмите, на ред се билбордите во Охрид

Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”, велат од Општина Охрид.Во првиот дел од акцијата за отстранување, биле демонтирани вкупно 5 билборди, за кои во моментов нема активни договори за закуп на локациите.„Во текот на наредниот период планирано е да бидат отстранети и останатите рекламни билборди, кои ја нарушуваат визурата кон потегот на Охридското Езеро и во потегот на стариот дел на Охрид“, велат од Општината.

Македонија | пред 6 години

1

(ФОТО) Вандали дивееле по битолското шеталиште

Синоќа во градското шеталиште беа целосно оштетени две канделабри и околни дрвја од страна на засега непознати лица.„Утринава, екипи од ЈКП „Комуналец“ и Општина Битола, презедоа мерки за обезбедување на местото. Канделабрите се отстранети, а екипите на терен извршија изолација на жиците и каблите за струја, кои исто така биле искинати. Настанот е пријавен во битолската полиција, кои по извршениот увид на лице место, направија полициски записник.Канделабрите се изработени од масивно железо тешко за отстранување, што значи дека за нивно уништување е употребена голема сила.Се надеваме дека ваквите вандалски чекори во иднина нема да бидат повторна слика во градот на конзулите“, велат од Општина Битола. 

Македонија | пред 6 години

61446388_1065610993622530_4364308855799152640_n

(ФОТО) Пронајдени 12 вреќи марихуана во близина на Калишта

На 01.06.2019 година околу 03 часот, во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред селото Калишта, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана.По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е  предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

1865581_sava_ls

(ФОТО) Реката Сава се излеа од коритото

Поради обилните падежи од дожд, реката Сава во Загреб се излеа од коритото. Дождот кој паѓал деноноќно постепено доведува до пораст на водостојот, пренесуваат тамошните медиуми.На неколку реки во Хрватска се водени мерки за престрожност од поплави, а помеѓу нив е и реката Сава во Загреб.Водостојот постојано се зголемува ,а моментално во Загреб е на 283 сантиметри. Поради дождот многу делови од Хрватска се во проблеми.https://www.facebook.com/HR.Vrijeme/photos/a.504754393021447/1292272154269663/?type=3

Свет | пред 6 години

29R

(ФОТО) Трамп и Меланија на сумо турнир во Јапонија

Американскиот претседател, Доналд Трамп на својот твитер профил се пофали дека присустувал на сумо турнир, при неговата работна посета на Јапонија.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1132614380103843840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132614380103843840%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25bf-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%2FАмериканскиот претседател и првата дама седеа во царската ложа, каде што седат само членови на царското семејство.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1132623971139112960?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132623971139112960%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25bf-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%2FЈапонскиот премиер, Шинзо Абе им приреди незаборавно срдечен дочек на Трамп и Меланија.

Свет | пред 6 години

avtobusat-opital-se-da-mine-pod-mosta-564-670x503

(ФОТО) Македонски автобус во Бугарија остана без покрив

Aвтобус остана без покрив утрово во Пловдив. Како што информира TrafficNews.bg, инцидентот се случил под мостот  на булеварот Марица-Југ.За среќа, нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета. Покривот на автобусот буквално бил однесен. Полицијата излегла на терен. Движењето во областа не е нарушено.“Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјави Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата. 

Македонија | пред 6 години

60952136_1188104074647338_7364687663489613824_n

(ФОТО) Харадинај со сопругата на гости кај Заев

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на социјалните мрежи се пофали дека в македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ги пречекале во нивниот дом.,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.

Македонија | пред 6 години

60600618_678020585996249_8240372714221600768_n

ФОТО: Љубов што нема рок на траење

Денеска видов многу убава слика.Па посакав да ви ја покажам, зашто на сликава успешно заробиле еден многу убав и редок тип на љубов во светов.Љубов што те смее на најгласно.Љубов со која што за 3 месеци стигаш 60 и не ги осеќаш годините како те поминуваат.Љубов која што не се плаши од кавги, и најборбен аргумент и не ми се нервирај нема да ми дочекаш 40 вака.Љубов која што тивко но сигурно секој ден ти покажува дека се се' разбира, се се' поправа.Љубов која што не се плаши од твојот хаос, туку напротив го разбира како свој и ја има трпеливоста да ти помогне сам да го разбереш и решиш.Љубов што нема рок на траење.Љубов од оние што мислиш дека се мит или приказна, а всушност постои, само треба да веруваш за да ја најдеш.Фејсбук статус

Магазин | пред 6 години

tamara-todevska-2-220088

(ФОТО) Еве како гласаше публиката за Тамара

Иако „Proud“ беше еден од фаворитите, сепак Тамара Тодевска ја изгуби водечката позиција по распоредување на гласовите од телевотингот. Таа доби 58 поени преку гласањето на публиката од другите држави.Од листата се гледа дека од телевотингот има поени од 11 земји, од кои само од Србија и Словенија по 12 поени, од Хрватска 7 и од Албанија и Црна Гора 6 поени. 

Магазин | пред 6 години

Cveten-festival-2019-otvoranje-7

(ФОТО) Отворен Скопскиот цветен фестивал

Љубителите на цвеќето денеска и утре ќе имаат можност да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да добијат корисни совети, да се забавуваат и да се дружат на отворено во рамките на шестиот Скопски цветен фестивал што се одржува во вториот дел на Градскиот парк. Фестивалот почна со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта што тргна од паркингот пред бараките на Град Скопје и се движеше по патеките во паркот.- Чест ми е и задоволство да Ве поздравам на овој шести по ред Фестивал на цвеќето кои се одржува под мотото „Скопје цвета“. Имаме ретка можност да присуствуваме на експонатите и изложувањата на повеќе од 30 цвеќари и фирми кои што се бават со хортикултура и цвеќе. Наша крајна цел е можеме преку зеленилото да внесеме естетика и во изгледот на Градот, меѓутоа и во изгледот на Вашите домови. Новина ни е годинава што за првпат ќе можете да добиете корисни совети за своите домашни миленичиња, како и да вдомат милениче - рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на фестивалот.Шилегов додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која најдиректно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации. На дечињата кои учествуваа во цветното дефиле им посочи дека уште сега треба да градат здрави животни навики, бидејќи сите заедно треба да се грижиме за животната средина и дека од сите нас зависи колку овој град ќе биде убав и чист.Во текот на двата фестивалски дена пред граѓаните ќе се промовира одгледувањето цвеќе, а најмладите ќе имаат можност да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата и за заштитата на животната средина.Посетителите ќе уживаат во настапите на повеќе музички и танцови изведувачи, ќе имаат можност да вежбаат јога и зумба на отворено и да учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.Фестивалот на цвеќето се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“.

Скопје | пред 6 години

60478461_1531936473610398_5483011084648448_n

(ФОТО) Заев на Фејсбук ѝ честиташе матура на својата ќерка

На својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев се пофали со фотографиии од својата матурантка.  Тој постави фотографии со својата ќерка Александра Заева, но и една кога таа била бебе.„Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!“, напиша Заев под фотографиите.

Магазин | пред 6 години

otrov-3

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Внимавајте: Отруени три кучиња во Аеродром, две се борат за живот

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира сите да внимаваат на своите миленици оти во изминатото деноноќие биле отруени неколку кучиња.„Овие денови сме сведоци на повеќе труења на следниве локации: Позади ОКТА бензиската паркот (до лулашките) , ФФМ и кај паркот на музиката! Отров во виршла завиткан со селотејп! Три кучиња не успееа да се спасат, две се борат за живот, од кој едно е домашно! Внимавајте на вашите домашни миленици и на маалските! Пријавено е во полиција дојдени се на лице место, посочени се лица во кој има сомнеж дека тоа го направиле, се чека до понеделник да се види дали има отисоци“, велат од Анима Мунди.КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ ДОДЕКА ГИ ШЕТАТЕ ВАШИТЕ МИЛЕНИЧИЊА!!!

Скопје | пред 6 години

pendarosvki3

На страницата на претседателот новото име на државата е напишано на три јазици

Официјалната интернет страница на новиот претседател Стево Пендаровски ќе биде тројазична и со новото име. Таа ќе биде на македонски, албански и англиски јазик, а на неа веќе стои и новото име- Северна Македонија.До последниот ден од мандатот на експретседателот Ѓорге Иванов, името на државата на сајтот остана непроменето.

Македонија | пред 6 години

60552635_261365381342131_1752860029913923584_n

(ФОТО) Другарите се простуваат од полицаецот кој загина во сообраќајката во Драчево

На социјалните мрежи на страната ТВРДОКОРНИ, беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски познат под надимак Шиљо, кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка. Со него во возилото беа уште четворица негови блиски.Несреќата се случи вчера доцна вечерта. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.Во сообраќајката настрада поранешен полицаец Јованче Лазаревски, вработен во ПС Драчево. 

Скопје | пред 6 години

60355251_1089003981300740_4199651629420511232_n-1

Дивата платформа на Матка доби ограда, клупи и маси

Постизборно се доградува дивата платформа на Матка во првиот залив по браната, додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за нејзина легализација. Поставена е дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи.Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, не одговара на прашањата дали барањата за легализација на платформите на Матка стигнале на ред за разгледување и дали инспекцијата постизборно излегла на терен за да направи увид во уредувањето на платформата. 

Скопје | пред 6 години

pavle-bogoevski

(ФОТО) Богоевски: Ме снимал таксистот додека разговарам

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој вчера беше објавен од него, го снимил всушност таксист додека тој се возел во такси.Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил.Тој претходно потврди дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, напиша претходно Богоевски.

Македонија | пред 6 години

hgngjn

(ФОТО) Снег во северниот дел на Црна Гора

Во северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.

Свет | пред 6 години

Screenshot_5-2

(ФОТО) Детали за страшната сообраќајка во Драчево

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа околу полноќ.При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.Како што информира „Магазин“во несреќата настрадал поранешен полицаец од полициската станица Драчево заедно со своето семејство. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.Според очевидци, автомобилот се движел со поголема брзина при што изгубил контрола.ФОТО: Press24

Скопје | пред 6 години

60163964_800211170376358_8030209471823216640_n

Жителите на скопско Петровец на протести: Загрозени се нашите животи и сигурност

Со неприлагодена брзина се вози низ општината Петровец во Скопје. Жителите тврдат дека возачите за да не платат патарина, возат низ нивната општина и создаваат метеж.“Загрозени се нашата безбедност, лична сигурност и живот. Ваквата состојба е предизвикана поради непочитување на сообраќајните прописи на регионалниот пат”, пишува во јавниот повик за протести.Нивното незадоволство го изразуваат и на протести, но институциите молчат и не го слушаат нивниот апел.Тие сметаат дека со масовност и истрајност на собирите, ќе се изборат да бидат чуени од институциите од кои бараат да го решат овој проблем.

Скопје | пред 6 години

aircraft-15265671280-830x0-620x350

(ФОТО) Комбе удри во авионот на Меркел

Комбе марка „рено“, без возач, се заби во авионот на германската канцеларка, Ангела Меркел, пренесуваат германските медиуми. Според пишувањето на весникот „Билд“, пред инцидентот канцеларката седела во комбито на аеродромот во Дортмунд и разговарала со жената којашто го возела. Се претпоставува дека од преголема возбуда од средбата со Меркел, жената по излегувањето заборавила да го закочи.За кратко, возилото што останало на аеродромот, тргнало и удрило во предниот дел на владиниот авион.Леталото е оштетено, но нема повредени. Се очекува Меркел да се врати во престолнината со хеликоптер.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања