Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ФОТО

f3f759ca-859d-4315-ba84-f1f5a2bf2d23

(ФОТО) Уништена спомен плочата кај Карпалак

Искршена и искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001, пишува Лидер.Фотографиите кои граѓани ги доставија до редакцијата на Лидер, покажуваат дека малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот.

Македонија | пред 6 години

467847

(ФОТО) Официјалната веб страна на претседателот е во изработка

На официјалната веб страна на претседателот на државата пишува дека истата е во изработка, но исто така стои и името на новиот претседател.Вчера на веб страната стоеше старото име на државата и стариот претседател. По написите во медиумите, администраторите ги прават неопходните чекори за да го обноват сајтот.Со ова на страната на претседателот стои новото уставно име на државата, со оглед на тоа што Иванов одбиваше да го примени до крајот на својот мандат.

Македонија | пред 6 години

120190507_182104

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Струшката литија најмасовна до сега

Традиционално и годинава во Струга, еден ден по празникот Ѓурѓовден, на 7 мај се одржи десеттата по ред струшка литија.Овогодинешната литија е најмасовна досега. На литијата се прикажаа моштите на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона.Пред присутните прво дефилираше коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, а молитвената поворка се движи низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Великомаченик Георгиј.Литијата има огромно национално значење и е дел од културното наследство на нашата земја.Видеото погледнете го ТУКА.

Македонија | пред 6 години

59612263_10218705293803409_1849471930508247040_n

(ФОТО) По папата, ѓубре на плоштадот: Тоа се тие јаки верници

По литургијата на папата Франциск, верниците оставија куп отпад. Ова беше доволна причина за на социјалните мрежи да се критикува. Новинарката Јадранка Ивановска-Јоци искоментира „тоа се тие јаки верници“.„Тоа се тие јаки верници. Културни, воспитани, морални, чисти душички, создадени и предодредени за рајските градини со своите манири. Просто преслатки. Да посака атеист секој ден со нив да оди и во кревет“, напиша новинарката Ивановска-Јоци.

Скопје | пред 6 години

opozicija-696x522

ФОТО: Силјановска со блажена насвмевка беше на миса кај папата

На скопскиот плоштад, мисата на папата Франциск ја следеше и Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, која беше поразена во неделните избори од Стево Пендаровски.Силјановска беше заедно со генералниот секретар Игор Јанушев, потпретседателот Владо Мисајловски и со други членови на ВМРО-ДПМНЕ.„Позитивната мисла и добрината да бидат водилка насекој еден од нас. Посета на Папата Франциск“, напиша Мисајловски на својот профил на Фејсбук откако ја објави фотографијата.

Македонија | пред 6 години

59906726_10156420778226158_1365236310872162304_n-768x702-696x636

ФОТО: Иванов со уникатен поклон за папата

Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во вилата на Водно на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава.-Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири, соопшти кабинетот на Иванов.

Македонија | пред 6 години

59157508_10215260048469220_7872377528298504192_n

ФОТО: „Југо“ поминало на црвено и прегазило девојче во Влае, кое го влечело 20 метри

Доцна попланево на раскрсницата помеѓу населбата Влае и Хром било прегазено девојче, од патничко моторно возило „југо“. Според очевидци, возачот на автомобилот поминал на црвено светло, го удрил девојчето и го влечел 20 метри.Очевидците додаваат дека ударот бил на пешачки премин, а автомобилот едвај застанал. Работите од прегазеното девојче, кои ги носела со себе, биле разлетни на сите страни.Според неофицијални информации, девојчето е во Клиничкиот центар во Скопје и е во добра здравствена состојба.  

Скопје | пред 6 години

58818379_10157359810329726_5837775533621903360_n

ГАЛЕРИЈА: Езерото Треска претворено во депонија

Пластични шишиња, остатоци од храна и сокови, салфети, се само дел од отпадот кај езерото Треска. Смрдеата која се шири наоколу дополнително покажува дека никој не се грижи за ова излетничко место. Фотографиите споделени од актерката и активистка Ирена Ристиќ, говорат за лошата слика таму.Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека ова е секојдневие. Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека оваа слика е секојдневна. 

Скопје | пред 6 години

58375955_1212313772267263_4666432068173955072_n

(ФОТО) Македонското знаме е симнато од јарболот на врвот на Водно

Македонското знаме е симнато од јарболот на врвот на Водно над Скопје. Во врска со тоа, професорот д-р Љубомир Цуцуловски иронично коментира на Фејсбук:„Откако го симнаа/отстранија државното знаме од врвот на Водно (Крстовар) не можам да видам од каде дува ветрот. Можеби тоа е целта?“– прашува Цуцуловски.https://www.facebook.com/LjubomirCuculovski/photos/a.708280512670594/1212313768933930/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Груевски со љубовен статус на фејсбук

Поранешен премиер Никола Груевски, на својата Фејсбук страница објави линк, од статија со наслов „Кога маж прегрнува жена“, а на статијата споделена со срциња пишува и дека „Ништо не е поважно од едноставна прегратка од саканите“.Речиси еден час по објавата на емотивниот пост истиот беше избришан.

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Грујо купува барок

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвикаа две нови фотографии од експремиерот Никола Груевски  пред агенции за недвижности во Будимпешта, каде наводно гледал станови на продажба.https://twitter.com/jorgachewsky/status/1120715840029122561https://twitter.com/alikiaj/status/1120693159552589824?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120693159552589824&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/VidanaDeSign/status/1120694804336271361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120694804336271361&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/VidanaDeSign/status/1120690233027235840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120690233027235840&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/baljumbaljum/status/1120692760879816704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120692760879816704&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/aerodrom1312/status/1120722007145025541https://twitter.com/bukvalista/status/1120690863011762176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120690863011762176&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2F

Магазин | пред 6 години

Mitko-Cavkov

(ФОТО) Документот кој е доказ дали Чавков има имот на Халкидики

Република го обезбеди документот што го доставил адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот, а со кој се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики.Дуковски денеска достави извод од катастарот на Халкидики. Со него се потврдува дека Чавков не поседува имот на грчкиот полуостров, што беше една од основите за определување на оваа мерка.Тој додаде дека за неговиот клиент, кој беше неправосилно осуден на 18 години затвор, постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот, а понудена е и висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.Одлуката ќе биде соопштена дополнително.

Македонија | пред 6 години

deskoski

(ФОТО) Сопругот на Рената Дескоска: Северномакедонци за навек

Во една Фејсбук-полемика за идентитетот и неизбежната придавка „северномакедонски“ се вклучи и професорот Тони Дескоски.За професорот Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда Рената Дескоска, „ова е тоа што го прифативме“.„Само сега излезе на виделина. Ако некој мислеше дека може да се спречи придавка северномакедонски, дебело се измамил. Ова е трајно, за навек“, коментира Дескоски.ж 

Коментари | пред 6 години

slupcane

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Автомобилот во кој загинаа татко и син од Слупчане

Алсат ја обезбеди фотографијата од автомобилот Opel Astra во која непознат напаѓач ги уби Елхам Салаху (47) и неговиот 8 годишен син. Според податоци од Обвинителството, тие биле застрелани од непосредна близина, недалеку од с. Слупчане, кај месноста наречена „Слупчански бунар“. Истрагата за настанот е во тек. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

ФОТО: Страшна сообраќајка во Карпош

Тешка сообраќајна незгода се случила во скопската населба Карпош меѓу три возила. Од фотографијата се гледа дека едното е превртено, а кај другите две е причинета материјална штета.фСпоред информациите, за среќа нема жртви од сударот на трите возила, а на лице место пристигнала и Брзата помош.

Скопје | пред 6 години

57462761_281149912774111_1660107947709038592_o-696x391

(ФОТО) Река пиеше кафе со Силјановска

Претседателскиот кандидат Блерим Река на Фејсбук објави дека пиел кафе со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова. Во наредните денови, Река ќе пие кафе и со Стево Пендаровски.-Во самата завршница на претседателска кампања, штабот на Река денес почна со иницијатива да ги покани противкандидатите на кафе во нашиот штаб. Денес штабот на Река го посети кандидатот на ВМРО Гордана Силјановска Давкова. Се надеваме овие денови штабот да го посети и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Сѐ со цел да покажаме желба до крај за фер и демократска кампања, напиша Река.

Македонија | пред 6 години

10550693655cb568c6c44e7324245103_v4_big

(ВИДЕО) Снимки од внатрешноста на Нотр Дам

Во три часот по полноќ, по 8 часа борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз(Нотр Дам). Францускиот претседател, Емануел Макрон, беа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство.Во три часот по полноќ, по 8 часа борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз(Нотр Дам). Францускиот претседател, Емануел Макрон, пробдеа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство.Во пожарот целосно се уништени куполата и препознатливиот висок столб кој се издигаше над катедралата, а големата камбана е спасена.

Свет | пред 6 години

57306017_169770174015340_83715105941880832_n

(ФОТО) Снежна идила на Попова Шапка

Поради спуштањето на постудена воздушна маса од север на планинските места е формирана снежна покривка. Вака во моментов изгледа Попова Шапка.

Македонија | пред 6 години

DSC_0936

ГАЛЕРИЈА: На Скопје му се случи невиден спектакл, а на Саша настап за кој ќе се зборува со години

На Скопје му се случи нешто што одамна му требаше, а тоа е вистински спектакл. Спрската ѕвезда Саша Ковачевиќ на концертот кој го одржа во Борис Трајковски успеа сите да ги крене на нозе, но и да пејат заедно со него, а со тоа да уживаат во бескрајно добрата атмосфера. Концертот беше во организација на „Балкан медиа“.Концертот на Ковачевиќ започна со „Још ти се надам“, која наместо тој, ја пееше публиката. Атмосферата се загреа за нецела минута откако тој излезе на сцена.Оние кои беа во првите редови пред Саша, со кренати раце се обидуваа да се поздрават него, додека останатите, со кренати телефони правеа снимки за на социјалните мрежи.Уште во првите минути откако Ковачевиќ излезе на сцена кажа дека по три години се враќа на нов концерт во Скопје, оти најомилената публика му е во Македонија. Тој додаде дека кога и да пее во нашата држава, атмосферата е секогаш посебна.Публиката се прилагодуваше на темпото на неговите ултра познати композиции, иако репертоарот беше измешан, а песните одеа брза, спора, брза. Концертот не можеше да заврши без песните како „За мало твој“, „Температура“, „Браним“, „Кажеш не“, „Како после нас“. Премиерно, Саша за публиката ја испеа и „Преварена“, композиција која ја објави пред неколку денови.Публиката коментираше дека за концертот на Саша во Скопје ќе се зборува уште долго. На сцената му се придружи и Љуба Станковиќ, кој ја отпеа „Бато“ од Калиопи, а потоа настапи и неговата сестра.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/304568990215493/?v=304568990215493

Магазин | пред 6 години

56451972_10217213617665303_5273234277637554176_n

ФОТО: Гореше Водно

Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“.Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.За сега не е познато што го предизвикало пожарот. 

Скопје | пред 6 години

56215546_1000119713514941_4677042802058592256_n

(ФОТО) Јаболката во Преспа завршија покрај патот

На Фејсбук страната “Земјоделци – Македонија / Zemjodelci Makedonija” каде редовно се објавуваат вести поврзани со земјоделството и земјоделските политики во државата, објавени се фотографии од купишта јаболка во Преспанскиот регион, кои како што пишува се исфрлени покрај патот.„Земјоделците од преспанскиот регион ги фрлаат своите јаболка. Навистина тешка година за овие земјоделци.Ќе ја преземе ли некој одговорноста??”, пишува над објавата.

Македонија | пред 6 години

nefi1

Жолта лента за пицеријата кај Чинарот од Охрид, откако советник градеше без дозвола

Советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини, доби „жолта лента“ на дивоградбата кај Чинарот, односно забрана за градење на локацијатаОва следува откако повеќе од еден месец, Усеини, градел без дозвола од Општина Охрид. Општината му даде рок на инвеститорот да ја урне градбата во рок од десет дена, но и по рокот, дивоградбата не е остранета.Сега, дивоградбата ќе треба да ја отстрани Општина Охрид.На ова место и претходно имаше летна тераса, со договор за краткокраен закуп на просторот, а објектот функционираше како пицерија 

Македонија | пред 6 години

delovi

(ФОТО) Од автобус ЈСП испаѓале делови, возачот продолжил да вози

На групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија од автобуски делови, за кои, објавувачот тврди дека паднале додека автобус со број 67 се обраќал на неговата релација.Според фотографијата, деловите испаднале на потегот кај Кисела Вода пред рампа.Објавувачот на фотографијата сведочи дека повеќе луѓе викале по возачот да сопре, но тој продолжил да вози.

Скопје | пред 6 години

Google-Chrome

ФОТО: Страшна сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, возилото е здробено

Страшна сообраќајна несреќа се случи пред еден час на автопатот Гостивар-Тетово. Според објавените фотографии на „Ѕид на сообраќајниот срам“, предниот дел на возилото е целосно искршен, а делови од истото се распрскани на сите страни.Не е познато како дошло до оваа несреќа, но и кои се причините.Се очекува МВР во текот на денот да даде детални информации

Македонија | пред 6 години

mkd-389411

Граѓаните до Шилегов: Улица Столтенбергова изгледа како НАТО да ја бомбардирала

Улицата „Столтенбергова“ се наоѓа во ужасна состојба, a граѓаните апелираат до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов да поведе сметка за нејзината состојба.„Градски парк #СкопјеУлица Столтенбергова 🤦‍♂️Па добро бе градоначалнику Шилегов, па бива ли до волку да се мајтапиме со генералниот секретар на НАТО?Со градоначалникот на Центар - Богдановиќ го прошетавте ли Јенс Столтенберг 100-200м подоле да си ја види улицата именувана по татко му ?Како НАТО да ја бомбардирала е. Кратер до кратер.А дали и вие воопште сте биле?Изгледа не.Небитен ни е Столтенберг.Тој не вози по улицава. Ние граѓаните ја возиме. Ние кои плаќаме даноци за вие да не работите и централен градски парк да дозволите да има ваква улица со кратери.Срамота е ова. Имуни на кратери ќе станеме уште малку. Не ве биравме за низ вакви дупки да возиме“, се вели во објавата.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања