Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ФОТО

51733870_383795752178621_507196879872720896_n

(ФОТО) Првата табла со ново име ќе се постави на ГП Богородица

Таблата на која е испишано Северна Македонија е на граничниот премин Богородица. Се очекува истата да биде поставена во текот на утрешниот ден.Официјална Атина очекува уште утре Скопје да почне со исполнување на обврските да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име.Фото: 24 инфо 

Македонија | пред 7 години

h_54828099-202427

(ФОТО) Хаос на улиците во Париз: Жолтите eлеци запалија воено антитерористичко возило

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастане на социјалната мрежа Твитер објави дека е згрозен од тоа што „Жолтите елеци“ го запалиле военото антитерористичко возило за време на протестите во Париз.Жолтите елеци вчера го запалија возилото пред Ајфеловата кула.„Секој ден војска ги штити нашите сонародници од ризик од тероризам. Ваквите напади се недозволиви“, напиша Кастане.https://twitter.com/CCastaner/status/1094274000887431168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094274000887431168&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3203425%2Fzuti-prsluci-zapalili-vojno-antiteroristicko-vozilo-ministar-policije-zgrozen-31-demonstrant-uhapsen-foto-videoИсто така француската полиција соопшти дека 31 демнострант е уапсен за време на вчерашните протести.Еден од учесниците  при фрлање на експлозивна направа, нејасно е дали солзавец или шик бомба  си откинал 4 прсти на  раката.https://twitter.com/sahouraxo/status/1094249494315704322?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094249494315704322&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3203425%2Fzuti-prsluci-zapalili-vojno-antiteroristicko-vozilo-ministar-policije-zgrozen-31-demonstrant-uhapsen-foto-video

Свет | пред 7 години

1-1-1

(ФОТО) СКАНДАЛ: На работното место доктори за медицина примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата

На Фејсбук страницата Асоцијација на специјализнати и млади лекари се појави фотографија на која на работното место доктори за медицина во О.Е. Интерно одделение се примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата.„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не!Каков е овој скандал и неправда!Првата слика е ранг листата а втората примени кандидати, срамота!Бараме одговорност за овој фашизам“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

51440599_248807682679932_4662359335370752000_n

(ФОТО) Цевката ја поправија, патот остана раскопан

По поплавата која на булеварот Илинден се случи на 4 февруари , во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 остана закрпен булевар.Причина за поплавата беше пукната голема цевка, но цевката ја поправија, а патот остана раскопан.Вака изгледа булеварот Илинден по поправањето на дефектот. 

Скопје | пред 7 години

25-1

ФОТО: Груевски во Унгарија без венчалната бурма

По објавувањето на интервјуто со екс премиерот Никола Груевски, се анализира секој детал на снимката. Од тоа како изгледа, како седи, што носи, како се однесува, кои гестикулации ги прави, како зборува... и ред други детали. Се отиде до таму што се забележа и еден детал. Тој повеќе не ја носи бурмата која додека беше во Македонија не ја вадеше од прст.Прашање кое се наметнува, дали додека беше премиер протоколот внимаваше до секоја ситница па екс премиерот носејќи бурма на некој начин покажуваше хармоничен брак ( и покрај тоа што бурмата во денешно време не е мерило за тоа) или пак можби Груевски кога бегал од Македонија не успеал да ја земе.Инаку прв пат по десетина години, Никола Груевски во првото интервју по неговото бегство, се појави без венчалната бурма. Експремиерот живее сам во Будимпешта, како што рече во интервјуто згрижен од пријатели. Дома во Скопје, се неговата сопруга Боркица и двете ќерки.

Македонија | пред 7 години

51541516_10218566128769419_5264583126876684288_n

Исчезна маж од Скопје, семејството бара помош

Исчезна Алибен Абдул кој последен пат е виден вчера (01.02) во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца.„Носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки. Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон. Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција. Оние кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10218566145809845&id=1382330415

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје утрово повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот

Утрово Скопје повторно се најде на листата помеѓу десетте најзагадени градови во светот според специјализираната интернет страница за мерење на загадениот воздрух „Airvisual“.На врвот е градот Делхи во Индија а пред нас на второ и трето место се Лахоре во Пакистан и Бејлинг во Кина.Високи концентрации на ПМ10 честички текот на ноќта се забележани и на мерните станици во Гостивар, Струмица и Тетово.  

Скопје | пред 7 години

50399547_2241988246056121_6516587491187752960_n

(ФОТО) Ако.мк: Поздрав од центарот на Скопје

ФОТО: Ако.мк

Скопје | пред 7 години

50618251_613913649064187_1042656259460825088_n

(ФОТО) Власта најави бесплатен јавен превоз, ЈСП ги уклучи дел од апаратите

Поради големите концентрации на ПМ10 честичките во главниот град за време на викендот, беа преземени привремени мерки со цел нивно намалување.Една од мерките беше и бесплатен јавен превоз во текот на овие денови. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи дека апаратите за картички во дел од автобусите на ЈСП се вклучени и работат. Патниците се револтирани и коментираат дека е неодговорно надлежните вака да си играат со нив. Прашуваат кој ќе им ги надомести искуцаните возења. Тие велат дека во дел од автобусите работат апаратите, а во дел од нив не, па не знаат дали се уште важат мерките за бесплатен превоз."Ве известуваме дека и денес 21.01.2019 година, согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно. За прекин на важност на одлуката ќе бидете навремено известени", стои на веб страната на ЈСП.

Скопје | пред 7 години

sirija

(ФОТО) Драматично во Сирија: Израел со ракети ги нападна иранските сили, загинаа четири лица

Израелски воени авиони во понеделник наутро извршија напади во Сирија на иранските сили Кудс, огранок на Револуционерната гарда. Сиријците вратија на нападот, а потоа израелци ги гаѓаа одбранбените ракетни состави на сириската војска, објави војската на Израел.Медиумите во Сирија потпирајќи се на извори од војската на Сирија, објавија дека Израел извршил интензивен напад, но сириската одбрана со ракети ги уништила многуте ракети на израелската војска. Нападот во Дамаск траел речиси еден час.Во напад на аеродромот во Дамаск, загинаа четири војници на Сирија, додека шест се ранети, пренесува РИА. Сириската опсерваторија за човекови права објави дека загинати се 11 лица.

Свет | пред 7 години

50514815_328334994438777_5605348490726080512_o

(ФОТО) Градоначалникот на Охрид се соблече и скокна во езеро

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски за „Денот на рибарите“ се искапи во Охридското езеро. Георгиевски влезе со маица, а излезе разголен. Вусшност, тој на овој начин ги испочитува своите сограѓани и заедно со нив, на исти начин, учествуваше на манифестацијата.Тој присуствуваше кај малиот плоштад на „Долна порта“, каде со рибна чорба, пача, вино и греана ракија традиционално охриѓани го прославија „Денот на рибарите“.Присутните на настанот имаа можност да вкусат рибна чорба, подготвена во голем казан за која беа обезбедени 500 килограми риба.Црвениот крст дел од рибната чорба ќе распредели по семејствата со социјален ризик во градот, како и на лица со хендикеп и постари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан. 

Македонија | пред 7 години

e28k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpnN01EQV8vNzU3ZjM5N2E3MWUxODhjNzA2NmI0ODQzZmNhYWU0YWQuanBlZ5CBoTAB

(ФОТО) Топлотен бран ја погоди Австралија, се очекува зголемување на температурите

Австралија се бори со топлотниот бран кој трае околу една недела, а последиците се многу сериозни.Температурата не паѓа под 40 степени веќе шест дена, а се очекува истата се уште да се зголемува.Повеќе од 60 пожари гореа во Нов Јужен Велс оваа недела.https://twitter.com/CNN/status/951340684212162561?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E951340684212162561&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnezapamceni-vreli-talas-zivotinje-umiru-od-vrucine-asfalt-se-topi-bukvalno-foto%2F2xw7jwz

Свет | пред 7 години

bruka_skopje

(ФОТО) Скопјанец скокна по крстот, излезе без гаќи

Скопјанец скокна по крстот во Вардар, но излезе целосно гол, Овој момент им падна во очи на граѓаните кои денес присуствуваа на празничната церемонија во населбата Нерези.Скопјани на шега искоментираа: не сме сигурни, но можеби токму оваа „скопска брука“ ќе му донесе среќа на овој скопјанец во 2019-та година.

Скопје | пред 7 години

avion-munja-620x350

(ФОТО) Падна авион во близина на Техеран со десет членови на екипажот

Падна авион „Боинг 707“ на територија на Иран во кој се наоѓаа десет членови на екипажот.Се претпоставува дека причина за тоа се лошите временски услови.https://twitter.com/FarsNews_Agency/status/1084690273567940609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084690273567940609&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023524-srusio-se-avion-sa-10-clanova-posade-olupina-pala-u-blizini-teherana-uzrok-pada-lose-vremeАвионот полетал од Киргистан и истиот носел товар и 10 членови на екипажот. Новинската агенција Фарс извести дека леталото ја згрешило пистата и удрило во оградата.Спасувачите се моментално на терен, но се уште нема информации дали некој ја преживеал несреќата.https://twitter.com/FarsNews_Agency/status/1084703746490290177 

Свет | пред 7 години

1-1-1

(ФОТО) Повик за ликвидација на Заев

На Фејсбук страницата „Зоран Заев Предвник број 1“ се појави фотографија на која над главата на Заев виси бесилка. На страницата во тек е кампања и повик за негова ликвидација. Овие фотографии се споделуваат од страна на интелектуалци и професори кои се против актуелната власт.Покрај оваа, постојат и други страници на кои се шири омраза и на истите секој може да напише што сака, без притоа некој да го контролира тоа.

Македонија | пред 7 години

IMG-80bc59cbb14f33971c650f6cd0de0c60-V

(ФОТО) 60 работници на ЈП „Комунална хигиена“ го чистеа центрот на Скопје

Во текот на денешниот ден, со 60 работници на терен, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците.„Се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија.Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците.Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Скопје | пред 7 години

49344283_524885968007791_8808169082969915392_n

(ВИДЕО+ФОТО) Вонредна состојба на Алпите поради снегот

Во скијачкиот центар Риезлерн во Австрија прогласена е вонредна состојба откако снегот достигна висина од 1,5, а на некои места и до 2 метри.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1973423316285420/Снегот од улиците со машина се товари во камиони со цел непречено одвивање на сообраќајот.Риезерн се наоѓа на Алпите и истиот е на надморска височина од околу 1100 метри.

Свет | пред 7 години

Zimska-sluzna-09.01-1

(ФОТО) Фрлени 355 тони сол од страна на зимската служба на Град Скопје

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари.„Во текот на изминатава вечер поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“. Фрлени 355 тони сол, а утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.Градоначалникот Шилегов вчеравечер го посети Центарот за управување и контрола на сообраќајот каде што ја следеа работата на Зимската служба и состојбата на терен.Вчеравечер и утринава, покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија со механизација и рачно го чистеа снегот од тротоарите. Во работата на чистењето на тротоарите ангажирани се 80 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“. Паралелно со нив, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ работат на терен на чистење на сливниците.Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.Град Скопје за оваа зимска сезона обезбеди 4. 000 тони сол, што заедно со преостанатите количества од минатата сезона изнесува 4. 500 тони сол, како и 300 тони ладен асфалт.Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал. И оваа сезона Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони, кои се опремени со навигациони уреди и возачи кои ќе ги опслужувааат перманентно во текот на целата сезона“ велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

49853191_2147543871958480_5364183070578573312_n

(ФОТО) Шилегов дежураше и се сликаше, додека ги гледаше скопските сообраќајници

Градоначалникот Шилегов вчера до доцна во ноќта, беше  во ЦУКС (Центар за управување со кризи на Скопје) , каде со екипите на Зимската служба на Град Скопје, на мониторите внимателно ја следеше состојбата на терен.,,Градските сообраќајници се чисти и проодни, а активностите на зимската служба продолжуват и во текот на ноќта“-информираат од Град Скопје.

Македонија | пред 7 години

49312100_341844103305796_21259723042979840_n

(ФОТО) Охриѓани прашуваат: Дан требит смештај?

Првиот снег во Охрид заврна пред неколку дена, а донесе неизмерна среќа за најмладите. Тие беа креативни и направија интересни фигури од снег.Нивните идеи едноставно ќе ве изненадат. Нашата екипа забележа креативно скривалиште на кое стои натпис “Смештај дан требит”, реченица карактеристичка за овој предел од Македонија за време на летото.Периодов, Охрид може да се пофали и со доста туристи кои го посетуваат градот и уживаат во снежното време.

пред 7 години

49640277_327362577873100_733236632089526272_n

(ВИДЕО+ФОТО) Патот Кичево-Охрид не се гледа од снегот и е целосно небезбеден

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Патот Охрид - Кичево е целосно под снег. Тој моментално е во изградба и нема заштитна ограда, а со тоа е и целосно небезбеден. Доколку во лето се случува да излетаат автомобили од патот, сега кога патот е лизгав веројатноста за тоа е уште поголема. Исто така дополнителен проблем за возачите претставува и тоа што патот е неосветлен.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/617033892096580/Слична е ситуацијата и на останатите патишта.Од „Македонија пат” велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци во државата.На дел од патиштата како Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка е вклучена забраната за тешки товарни возила, а за останатите возила е потребна зимска опрема. 

Македонија | пред 7 години

50058551_294177651273110_9060604505892061184_n

(ФОТО) Во Ѓорче Петров рачно се фрла сол, а улиците се целосно завеани од снег

Неисчистениот снег по улиците им прави проблеми и на возачите  во скопската населба Ѓорче Петров. Улиците се тешко проодни, споредните не се проодни, а возачите мака мачат да стигнат до своите домови.Општината во изминатиов период одвои 800.000 денари за новогодишни календари со логото на општината и икони од светци, но не најде за сходно да обезбеди соодветна механизација за расчистување на снегот. Фотографиите кои го направи „Скопје 1 “ покажуваат на кој начин градоначалникот Александар Наумовски се справува со снежните наноси.Имено, работници рачно фрлаат сол низ улиците за да тие не замрзнат поради ниските температури. Жителите од овој дел на Скопје коментираат дека е ова веќе видена слика и истото се случува во континуитет секоја година.Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски со Општината раководи втора година, а минатата година иако улиците не беа исчистени се правдаше дека тоа не е точно туку дека снежните наноси се големи и затоа на улиците има снег, но и дека истите се безбедни за возачите.Неколку возила кои возеа низ улиците на Ѓорче Петров се излизгаа поради немањето решение за решавање на овој проблем. 

Скопје | пред 7 години

50244606_643750546042359_6198213385285271552_n

(ФОТО) Партизанска е лизгалиште за возилата

Иако градоначалникот Шилегов пред почетокот на зимата најави дека Зимската служба на Град Скопје е подготвена, сепак тоа не изгледа така на терен.Сообраќајот во Скопје од утрово се одвива отежнато поради врнежите од снег. Возилата се движат бавно и внимателно поради лизгавите улици. Со исти проблеми се соочуваа и граѓаните кои се движеа по тротоарите.

Скопје | пред 7 години

49599779_277305376296982_3090305376940195840_n-1

(ФОТО) Повторно хаос низ улиците, блокиран центарот на Скопје

Низ центарот во Скопје во моментов скоро невозможно да се оди со автомобил. Тотално блокирано на сите страни. Возачите нервозни свират, но не се подмрдуваат од место.Инаку блокадите се поради протесот на ,,Македонија Блокира”, кои започна попладнево пред Собранието на Република Македонија и се уште трае. Исто така дополнителен проблем во сообраќајот предизвика и снегот кој од утрово започна да вее во Скопје. 

Скопје | пред 7 години

50027867_2256691881245828_1447743581816094720_o

Се реконструира Качанички пат во Визбегово

Започна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово.„Станува збор за дел од патот кој води покрај бензиската пумпа,во должина од 230 метри и широчина од 7 метри.На реконструираниот стар Качанички пат ќе бидат поставени тротоари и канделабри долж улицата,со што се подобрува како сообраќајот така и безбедноста на пешаците во овој дел од Визбегово“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања