„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Фрлени 355 тони сол од страна на зимската служба на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Zimska-sluzna-09.01-1

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари.

— реклама —

„Во текот на изминатава вечер поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“. Фрлени 355 тони сол, а утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

— реклама —

Градоначалникот Шилегов вчеравечер го посети Центарот за управување и контрола на сообраќајот каде што ја следеа работата на Зимската служба и состојбата на терен.

Вчеравечер и утринава, покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија со механизација и рачно го чистеа снегот од тротоарите. Во работата на чистењето на тротоарите ангажирани се 80 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“. Паралелно со нив, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ работат на терен на чистење на сливниците.

Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Град Скопје за оваа зимска сезона обезбеди 4. 000 тони сол, што заедно со преостанатите количества од минатата сезона изнесува 4. 500 тони сол, како и 300 тони ладен асфалт.

Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал. И оваа сезона Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони, кои се опремени со навигациони уреди и возачи кои ќе ги опслужувааат перманентно во текот на целата сезона“ велат од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања