Промени тема
Контакт

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

Градот Скоп­је денеска ја одбележува 53-та го­диш­ни­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес. Утро­то на 26 ју­ли во 1963 го­ди­на, во 5 ча­сот и 17 ми­ну­ти, зем­јо­трес со ја­чи­на од 6,9 сте­пе­ни спо­ред Ри­хе­те­ро­ва­та ска­ла го срам­ни Скоп­је со зем­ја и го оста­ви гра­дот без си­те вр­ски со све­тот. За­ги­наа 1.070 ли­ца, по­ве­ќе од 4.000 беа по­вре­де­ни, око­лу 200.000 оста­наа без по­крив над гла­ва­та, 28.000 до­мови беа оште­те­ни и не­што по­ве­ќе од 15.000 ста­но­ви беа ур­на­ти. Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 стран­ски на­ции ис­пра­ти­ле нај­раз­лич­на по­мош за Скоп­је и по­мог­на­ле во из­град­ба­та на но­во­то Скоп­је. Од то­гаш и Скоп­је го но­си епи­те­тот „град на со­ли­дар­но­ста“.

Како се градеше Скопје?

Обновата и изградбата на новото Скопје, односно развојот на модерната архитектура го карактеризираат неколку фази. Архитектот проф.д-р Михаил Токарев, во својот труд насловен како Историско-критички поглед на архитектурата, објавен лани по повод 50-годишнината од земјотресот, посочува дека првиот важен насатан во архитектурата е економска реформа во земја­та, со која привремено се забранува инвес­ти­рање во објекти од нестопанските деј­ности, односно во оние од високоградбата, што многу го стеснува прос­то­рот на архитектонското проектирање. Вториот важен настан претставува воведувањето на престижната Бор­би­на награда за архитектурата (1965), која уште повеќе го поттикнува нат­пре­варувачкиот дух меѓу архи­тек­тите во земјата. Професорот Токарев наведува дека развојот на модерната архитектура во Македонија од средината на 60-тите години е директно зависен од општествено-политичката состојба во СФРЈ, но и од економ­ски­те услови кои владеат во Републиката. Со економското зајакнување на земјата, во средината на 70-тите годи­ни започнува позасилена архитектонска активност, со што се создаваат рела­тив­но голем број разновидни квалитетни објекти и во Македонија.

— реклама —

За победник на овој конкурс е прогласен афирмираниот јапонски архитект Кензо Танге, кој понудил ком­пактна изградба и релативна изолираност на градскиот цен­тар.

— реклама —

Целата сторија на Фактор.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања