Свет

„Ова не е затишје, ова е подготовка за следната серија“, вели Зеленски по напредокот на украинската армија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека на некого може да му се чини дека по серијата победи на вооружените сили на Украина, дошло до одредено затишје, но дека ова е подготовка, бидејќи, како што истакна, цела Украина мора да биде слободна.

Зеленски во видео порака рече дека украинските сили ги ослободиле Изум, Балаклеја, Купјанск и Харковската област, но дека ќе бидат ослободени и Маријупол, Мелитопол и Херсон, како и другите делови на Украина под контрола на руските сили, пренесува Укринформ.

„Можеби сега на некои од вас им се чини дека по серијата победи имаме некакво затишје. Но, тоа не е затишје. Тоа е подготовка за следната серија. За следната серија на многу важни зборови за сите нас, што мора да се слушне. Затоа што Украина мора да биде слободна цела“, рече Зеленски.

На почеток