Денес започнува погребот кралицата Елизабета


Денеска во 12 часот започнува погребот на британската кралица Елизабета Втора.
Принцот Џорџ (9) и принцезата Шарлот (7), деца на принцот Вилијам и принцезата Кејт, ќе бидат меѓу повеќе од 2.000 гости на погребот. Џорџ и неговата сестра ќе бидат дел од поворката на кралското семејство и ќе го придружуваат ковчегот додека влегува во црквата, објави Би-Би-Си.
Пред погребот, црковното ѕвоно ќе се бие секоја минута во 96-те минути колку што живеела Елизабета.
Кон крајот на богослужбата, околу 12.55 часот ќе се игра британскиот марш на смртта, по што нацијата ќе застане во тишина две минути.
Светските лидери и познати личности ќе се соберат во црквата од 13. век во 12:00 часот, а кралската придружба ќе ја предводи погребната поворка зад ковчегот на Елизабета. Во погребната поворка, Вилијам и Кејт ќе прошетаат пред Џорџ и Шарлот, а потоа војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, како и другите членови на кралското семејство. Третото дете на Вилијам и Кејт, Луис (4) нема да присуствува на погребот. На богослужбата ќе има традиционална црковна музика и читање од Библијата.
