Свет

Турска банка го откажа рускиот платен систем „Мир“

Турската „Исбанка“ денеска соопшти дека го суспендирала рускиот платен систем „Мир“ во согласност со санкциите против луѓето и институциите кои и пружаат помош на Москва.

Исбанка објави дека работи во согласност со националните и меѓународните закони, регулативи и деловни принципи, пренесе Ројтерс.

Минатата недела САД воведоа санкции против извршниот директор на националниот систем за плаќање со картички на Банката на Русија, кој го користи платежниот систем „Мир“.

Русите кои доаѓаат во Турција откако Русија ја нападна Украина во февруари имаат проблеми со банкарските трансакции поради санкциите, потсетува Ројтерс.

На почеток