Свет

Украински Генералштаб: Русија вчера изврши 81 напад

Во понеделникот руските сили извршиле 81 напад врз објекти на територијата на Украина, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во нападите била оштетена инфраструктура во повеќе од 33 населени места, пренесува Интерфакс Украина.

Се наведува дека е оштетена инфраструктурата во Славгород, Краматорск, Бахмут, Мајорск, Соледар, Новопол, Запорожје, Николаев и Белогорск.

Руските сили извршија гранатирање во правец на Северск, Краматорск и Бахмут, додава украинскиот Генералштаб.

На почеток