Свет

Бајден до Путин: „Не прави го тоа, немој и не прави го“

Американскиот претседател Џозеф Бајден го предупредил рускиот лидер Владимир Путин дека употребата на нуклеарно или друго неконвенционално оружје против Украина ќе предизвика „последична“ реакција од САД, пренесуваат светските агенции.

На прашањето што би му рекол на Путин доколку рускиот лидер размислува за таква иницијатива, Бајден рекол: „Не прави го тоа, немој и не прави го“.

Бајден ги пофалил Украинците за нивната храбра борба против руската инвазија. „Тие ја победуваат Русија“, пишуваат медиумите.

На прашањето каква би била дефиницијата за победа на Киев, американскиот претседател одговорил: „Победата во војната во Украина е целосно потиснување на Русија од земјата“.

„Сепак, со оглед на размерите на човечкото страдање и уништување во отпорот на руските напади, ужасно е тешко тоа да се смета за победа“, додал Бајден.

На почеток