„Ситуацијата во Запорожје и понатаму не загрижува“, вели француската министерка Колона
Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Како што наведе таа, за време на 77. седница на Генералното собрание на ОН, се разговарало за тензичната ситуација во нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под контрола на Русија.
Според неа, ситуацијата во Запорожје се уште е критична и повикала што поскоро да се создаде безбедносна зона околу објектот.
„Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и понатаму не загрижува. За тоа ќе разговараме утре на состанокот на работната група организирана од Франција и генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да се осигураме дека мерките за безбедност се преземаат на нуклеарната централа. Утрово разговарав со Сергеј Лавров и го информирав за тоа“, рече Колона на прес-конференцијата.
Електраната Запорожје, која се наоѓа на левиот брег на реката Днепар, е најголемата нуклеарна централа во Европа. За време на воената операција во Украина, која Русија ја започна на 24 февруари, нуклеарната централа и нејзината околина паднаа под контрола на руските сили.