Свет

Жесток напад на руските сили врз Запорожје, истрелани 17 проектили

Украинскиот градоначалник на Запорожје, Анатолиј Куртјев денеска соопшти дека руските сили утринава во рок од еден час истрелале 17 проектили кон Запорожје, а била нападната енергетската инфраструктура на градот.

Ова беше најголемиот напад на руските сили врз Запорожје од почетокот на војната, а во Украина утринава беше објавена голема воздушна тревога, пренесува агенцијата Унион.

Сите украински региони, освен Западна Украина и Одеса, беа во црвената зона околу четири часот наутро, што укажува на најголема можна опасност од воздушни напади.

Експлозии се регистрирани во Харков, Днепар и Запорожје. Украинската воздушна одбрана собори неколку проектили и беспилотни летала Шахид, додава агенцијата.

На почеток