Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди истокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот дел на Турција. Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри од Малатија, на длабочина од два километри.
Засега нема информации дали овој земјотрес предизвикал нови штети во Турција.
🔔#Earthquake (#deprem) M5.0 occurred 19 km SW of #Malatya (#Turkey) 14 min ago (local time 07:50:23). More info at:
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/3lzZLRINXt
🖥https://t.co/qwm7Xtb7PW pic.twitter.com/To5OChGtXn— EMSC (@LastQuake) February 10, 2023
Да потсетиме дека два разорни земјотреси во понеделникот погодија делови од Турција и Сирија. Главниот земјотрес беше проследен со десетици последователни потреси. Според последните информации, загинале повеќе од 20.000 луѓе, а се очекува бројката да продолжи да расте.
Првично јужниот дел на Турција го погоди земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала и беше почувствуван во повеќе земји во регионот, а покрај луѓето во Турција, најмногу жртви има и во соседна Сирија.