Актуелно

(ВИДЕО) Не е шега: Во сабота ќе се истеруваат демони во Скопје

Константин Тино Кајшаров, кој се претставува како исцелувач, најави дека ќе истерува демони в сабота во Скопје.

Во неговата објава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „исцелување, ослободување од демони, од проклетства и магии“.

Заинтересираните треба да направат резервација, а учеството е бесплатно, наведува тој.

Покрај најавата тој сподели и видео од „истерувањето демони“.

Неговата објава предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Многумина предупредуваат дека, иако пишува дека лекувањето е бесплатно, тој „дебело“ наплаќа за сеансите. Ова се дел од коментарите на граѓаните:

– Кај главата им ја празни, па и паричникот. Колку што имам слушнато, по 3.000 денари од сесија им земал. Ама си нашол овци, нека ги стриже.

– Исцелител со плацебо ефект, би му додала ваков назив, наместо мастер Константин како што самиот се нарекува.

Како што пишуваат медиумите, Константин Тино Кајшаров се претставувал себе си како надрилекар, пејач, биоенергетичар, кинезитерапевт, познавач на фреквенции, пастор…

Наздравје исцелување в сабота!

На почеток