Ѓоковиќ ја откри врската што го спојува со Надал и Федерер
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Лејвер купот изјави дека има приватна „WhatsApp“ група со Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Како што вели, тоа ги одржува заедно.
„Одлично е што имаме шанса заедно да поминеме квалитетно време надвор од теренот. Имавме тимски вечери, разговаравме за тенис, спорт, живот… Обично го немаме ова на турнеја, имаме свои тимови, семејства, па ова е сосема уникатно“, изјави Ѓоковиќ за „Еуроспорт“.
Главна ѕвезда во Лондон ќе биде швајцарскиот тенисер кој по ова ќе ја заврши кариерата.
„Сите сакаме да победуваме и во исто време добро да се покажеме поради збогувањето на Роџер и можноста да бидам со еден од моите најголеми ривали во кариерата, тоа ви дава желба да споделите добро време и надвор од теренот. WhatsApp групата не држи заедно“, смета Ѓоковиќ.
Лејвер купот е закажан за 23 до 25 септември во англиската престолнина.