Охрид

Пецаков за младите во Охрид со бројни активности за подобар статус во општината

Градоначалникот Кирил Пецаков денес во својот кабинет оствари работна средба со Претседателката на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Македонија, пратеничката Моника Зајкова и со претставници од Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП).

На состанокот се разговараше за можностите да се преземат конкретни активности за зајакнување на соработката помеѓу Собранието и Општина Охрид , со вклученост на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општествените текови , како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани. Заеднички беше истакнато дека Општина Охрид е една од ретките на територијата на државава во која веќе функционира општинскиот Совет на млади, а наскоро се очекува да профункционира Центарот на млади кој ќe биде сместен во просториите на ХАБ касарната во Охрид.

По работната средба во Кабинетот градоначалникот и претставниците од Клубот за младински прашања и политики при Македонското Собрание и од ИДЕУЕП имаа работна средба со раководните лица за млади и спорт и за процесот на дигитализација во Општина Охрид, претставници од различни политички партии, Советници од советот на Општина Охрид и од општинскиот Совет на млади. Пред присутните беше објаснет начинот на формирање, управување и функционирање на Советот на млади како и постапките за дигитализација на општинските услуги кои се во тек. Свое излагање пред присутните имаа и членови на останати младински здруженија од градов.

На почеток