Скопје

(ФОТО) Паднал плафон во трговскиот центар „Ист гејт“

Фотографија од паднат плафон во трговскиот центар „Ист гејт“ кружи на социјалните мрежи. Корисник на Инстаграм, фотографијата ја испратил до „Дарко влогс“, со порака дека настанот се случил пред него.

„Во East Gate само со шлем“, се шегуваат на социјалните мрежи.

Засега нема став од менаџментот на трговскиот центар.

За потсетување, „Ист гејт“ неодамна беше поплавен за време на обилните врнежи и истиот не беше во функција одреден период.

 

На почеток