Мостот кај Ист Гејт целосно отворен по една година
Од
Објавено на
Мостот „Беласница“ е целосно пуштен за сообраќај откако по скоро една година беше делумно атворен за сообраќај, а дел не се користеше. Според Град Скопје, тој е безбеден, нема оштетувања кои можат да ги загрозат граѓаните. Ова го темелат на експертиза која ја правеле, но и на насоки добиени од експерти.
Минатата недела, на овој мост се правеа и пробни тестирања за неговата издрживост. По една недела, тој е целосно отворен.
Од Град Скопје нема ниту соопштение, ниту информации за тоа што стои во експертскиот извештај за мостот.
Инаку, мостот, поради опожарување, беше целосно затворен за сообраќај.