(Видео) Мостот „Беласица“ зјае полузатворен веќе девет месеци: Арсовска не кажува дали го поправа, ниту дали ќе го пушти целосно
Мостот „Беласица“ остана заборавен од Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, осум месеци по пожарот кој изби. За сообраќај беа пуштени само две ленти, а на средината и натаму останаа поставените конуси, кои означуваат забрана за користење на останатите ленти. Точно 20 дена, нема одговор од кабинетот на Арсовска дали преземаат нешто во насока на целосно пуштање во употреба на овој мост. За тоа време, на терен, не може да се забележи дека се работи било што.
Прашавме и дали Град Скопје има временска рамка до кога планира овој мост да биде вратен во целосна функција, на што исто така добивме игнорантски однос. И ова не е првпат, вообичаеното однесување на Арсовска е да ги игнорира новинарските прашања, а градот да не дава одговори.
За тоа време, граѓаните и натаму нервозни особено во наутро и после пладне, кога одат и се враќаат од работа. Мостот „Беласица“ кој го спојува едниот со другиот дел на Скопје е често блокиран, а колони возила чекаат за да поминат преку него.
Одговорност за опожарувањето не понесе никој, непознато е и дали полицијата откри кој и зошто го подметна пожарот.