(Фото) Мостот „Беласица“ кај „Ист гејт“ целосно затворен: на него камиони и возила
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/04/IMG_5861.jpg)
Мостот „Беласица“, кој измиативе месеци беше половично затворен – сега е целосно затворен за сообраќај. Од утрово се поставени препреки за поминување, а на него има камиони и автомобили. Непознато е дали се работи на негова санација или се проверува неговата стабилност.
„Скопје1“ во Град Скопје уште пред неколку месеци прати прашања околу поправките на мостот кој е клучен за поврзување на двата дела на Скопје – но не добивме никакви одговори.
Мостот беше запален во мај минатата година и беше ставен вон функција. Според градоначалничката Данела Арсовска, мостот е целосно безбеден, но од септември беше само делумно пуштен во употреба. Требаше да се направи и тест за неговата издржливост со 200 тона на него – кое не се знае дали беше спроведено или се спроведува сега.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)