Магазин

Не прифаќаат кандидати кои имаат баксузен телефонски број, ако ја сакаат работата, треба да го сменат бројот

Несекојдневен случај на дискриминација кој нема врска со компетенциите на кандидатите или нивните работни навики забележан во Кина.

Кинеските медиуми пишуваат за бизарниот случај на образовна компанија во Гуангдонг, во која директорот ги одбива апликациите на кандидатите чии телефонски броеви го имаат бројот пет на петтото место бидејќи ги смета за несреќни.

На таквите кандидати им било предложено да ги сменат телефонските броеви во случај навистина да се заинтересирани да работат во компанијата, пренесува Нови лист.

Имено, во Кина суеверието е голем дел од секојдневниот живот.

Блогерот „Џименџун“, кој е специјализиран за астрологија и нумерологија, објаснува дека бизарните критериуми за вработување веројатно се инспирирани од древното кинеско пророштво познато како „Книга на промени“ кое ја вклучува теоријата дека повеќе „петки“ се сметаат за лоша среќа, пренесува весникот.

На почеток