Од Центар до Карпош се вози подолго од еден час заради колапсот во сообраќајот на булеварот „Партизански Одреди“ кој го блокира овој дел од Скопје.
Причината за овој сообраќаен колапс не е позната, а возачите се нервозни и прашуваат што се случува. Колоната е километарска, а највеќе гужва има на потегот од трговскиот центар „Сити мол“ до крајот на булеварот кај Ѓорче Петров.
