Магазин

Пике реагира на интервјуто на Шакира: Глуми жртва

Жерар Пике бурно реагирал на интервјуто на Шакира за причините за раскинувањето на нивната врска, тврди извор за шпанските медиуми.

Според изворот, нејзините изјави го налутиле и тој верува дека таа глуми жртва.

Сите што го познаваат знаат дека и кога ќе излезе и ќе испие една чаша повеќе, тој сепак останува одговорен во извршувањето на деловните задачи и се грижи за своето семејство“, рече тој.

„Тој ги носи своите деца на училиште, на воннаставни активности, патувања и слично. Своето слободно време целосно им го посветува. Бесен е на Шакира затоа што таа се претставува како личност која ја запоставила својата кариера за да се грижи за своите деца“, додаде тој.

Потсетуваме, Шакира неодамна во едно интервју меѓу другото го кажа и следново:

“Можам само да кажам дека вложив се што имав во оваа врска и моето семејство. Пред децата да тргнат на училиште, водев номадски живот. Отсекогаш живеев како уметник, патувајќи без престан, одејќи во различни делови на светот, на турнеи, настапи, промовирање на себе… Но, на крајот на 2014 година, знаев дека морам да ставам сè на втор план и да ја ставам кариерата во втора брзина. Знаев дека морам да се смирам“, рече таа.

На почеток