Актуелно

Фон Крамон: „Влезот во ЕУ не оди преку Москва“

Известувачот на ЕП за Косово, Виола фон Крамон рече дека планот за консултации на министерствата за надворешни работи на Русија и Србија претставува „сериозен скандал“.

Таа посочи дека „влезот во Европската унија не оди преку Москва“.

Додека беснее војната, Министерството за надворешни работи на Србија потпишува план за идна соработка со рускиот агресор.

Можеби тоа е само сигнал за нас да ги замрзнеме пристапните преговори, бидејќи влезот во Европската унија не оди преку Москва“, напиша Фон Крамон на Твитер. Руските министри за надворешни работи Сергеј Лавров и српскиот Никола Селаковиќ потпишаа во четвртокот во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации,

План за консултации на министерствата за надворешни работи на двете земји за следните две години.

Фото:EPA-EFE/AHMED JALIL

На почеток