Лавров: ЕУ ги блокира пратките на ѓубрива што ги испраќаме во Африка бесплатно
ЕУ ја блокира испораката на ѓубрива што Русија сака да ги испорача бесплатно како дел од борбата против гладта во Африка, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред Генералното собрание на ОН.
– Бродовите со украинско жито пловат кон не толку сиромашните земји, додека не се отстранат финансиските и логистичките пречки што ги поставија САД и ЕУ за ограничување на извозот на руско жито и ѓубрива – рече Лавров.
Според него, товарни бродови со 300.000 тони руско ѓубриво со недели се блокирани во европските пристаништа.
Тој посочи дека испораката е наменета за земјите во развој во Африка, но дека ЕУ не иницирала чекори за отстранување на санкциите за нивно поминување.