Свет

Хорор во Нигерија: Вооружени бандити убија најмалку 15 луѓе во џамија

Група вооружени напаѓачи убиле најмалку 15 лица во џамија во државата Замфара во северозападна Нигерија, јавува Ројтерс.

Нападот во областа Букујум се случил за време на вчерашната молитва во централната џамија Џумут во градот Руван Џама, изјавија жителите на тој град за Ројтерс.

– Вооружени бандити дојдоа на мотори, се упатија право кон џамијата и почнаа да пукаат кон нас – изјави очевидец на нападот.

Тешко вооружени банди направија хаос низ северозападна Нигерија во последните две години, киднапирајќи и убивајќи илјадници луѓе, правејќи го животот и движењето во некои области небезбедни, потсетува британската агенција.

На почеток