Свет

(Видео) Поплавите во Нигерија ги принудија луѓето да ги напуштат своите домови, но на улиците крокодили и змии

Поплавите во северна Нигерија убиле повеќе од 80 отсто од животните во големата зоолошка градина која била дом на бројни диви видови, вклучувајќи лавови, крокодили, биволи и ноеви, соопштија претставници на зоолошката градина.

„Поради поплавите, опасни животни како крокодили и змии стигнаа до околните населби“, се вели во соопштението на зоолошката градина во паркот Санда Кјарими во врска со поплавите во нигериската сојузна држава Борно, со апел до жителите да бидат внимателни.

Поплавите започнаа кога брана се прелеа по обилните дождови, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

Катастрофата погоди и други клучни објекти во главниот град на државата Борно, Мајдугури, вклучително и пошта и болница, соопшти кабинетот на нигерискиот претседател Бола Тинубу. Претседателот, исто така, ги повика луѓето да се евакуираат од најтешко погодените области.

„Во оваа куќа живееме 20-тина од нас. Овде сум со членовите на моето пошироко семејство. Немаме ништо – се преселивме на училиште пред повеќе од три недели. Немаме кревет, мрежа против комарци, храна или пари. Јас сум земјоделец и рибар, но немаме што да правиме, децата се болни, а ние немаме средства да ги однесеме во болница, пренесува Гардијан.

Претседателот Тинубу изрази искрено сочувство до владата и народот на државата Борно, особено до семејствата кои ги загубија средствата за егзистенција поради катастрофата предизвикана од прелевањето на браната Алау. Тој нагласи и дека хуманитарните потреби ќе се решат што е можно поскоро.

Поплавите во североисточна Нигерија минатиот месец однесоа најмалку 49 животи, додека во катастрофалните поплави во 2022 година загинаа повеќе од 600 луѓе.

На почеток