Свет

Рускиот патријарх ги повика Русите да одат во војна: Ако умрете, ќе бидете со Бога

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика руските граѓани да не се плашат од смртта поради одлуката на претседателот Владимир Путин да мобилизира резервни трупи за борба во Украина.

„Одете храбро да ја исполните својата воена должност. И запомнете дека ако го положите својот живот за својата земја, ќе бидете со Бога во Неговото царство, слава и вечен живот“, рече тој во средата во проповедта во манастирот Зачатев во Москва.

Патријархот Кирил, кој ја оправда одлуката на Путин да ја нападне Украина во февруари годинава „на духовна и идеолошка основа“, ги повика луѓето да одговорат на повикот, набргу откако руските власти соопштија дека 300.000 резервисти ќе бидат повикани да се борат.

За време на својата проповед Кирил изјавил дека личноста со „вистинска вера“ не подлежи на страв од смрт.

На почеток