Путин му додели руско државјанство на Сноуден
Од
Објавено на
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард Сноуден.
Во 2020 година Сноуден објави дека ќе поднесе барање за руско државјанство.
Сноуден живее во егзил во Русија од 2013 година откога објави строго доверливи информации за програмите за следење на американските разузнавачки служби.
САД го бараат за шпионажа по давањето доверливи информации на „Вашингтон пост“ и на „Гардијан“.