Се санираат потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид
Од
Објавено на
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку социјалните мрежи информира дека саниран е потпорен ѕид во стариот дел од градот.
„Санацијата на потрпониот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“ заврши.
Активностите за санација и уредување на потпорните ѕидови низ Стариот дел на градот продолжуваат.
Во моментов се врши санација на потпорниот ѕид на улица ‘Нада Филева’“, стои во објавата.