Македонија

Пецаков на средба со директори на училишта и претставници од СВР Охрид за подигнување на нивото на безбедност во училиштата

Денес остваривме средба на која присуствуваа, службите на Локалната самоуправа, директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

„Целта на средбата е подигнување на нивото на безбедност во кругот на училиштата и превенирање на девијатни појави помеѓу учениците. Во таа насока се разменуваа мислења за зголемување на патролите особено во вечерните часови кога во кругот на училиштата се собираат млади луѓе.

Дополнително се разговарше и за организирање на едукативни предавања од страна на претставници на СВР Охрид“, се вели во објавата.

На почеток