Македонија

Пецаков: Се радувам што годинава како дел од активностите на лидерската школа е проектот за туристичкиот развој на Охрид

Денес мои гости беа учесниците на 13тата Школа за млади лидери која ја организира Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

„Особено се радувам што оваа година како дел од интерактивните активности на лидерската школа се раѓа еден нов и значаен проект во насока на остварување на стратешките интереси на Охрид и унапредување на неговиот туристички развој. Се надевам дека идеите и креираните решенија за дигитална промоција на природните и културните богатства на нашиот најголем туристички центар во Македонија, ќе создадат нови шанси за поголем економски напредок, кој ќе донесе бенефит во повеќе сегменти на општественото живеење.

Како дел од активностите на учесниците во школата ќе биде и пронаоѓање на коцепт за подобра промоција на градот особено кај младите луѓе“, додава тој.

На почеток