„Вината за скандирањата да си ја барате кај македонските и бугарските политичари“, вели Димовски


Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека за вчерашните свирежи и навреди за време на интонирањето на бугарската химна на натпреварот во Скопје помеѓу фудбалските репрезентации на Бугарија и Македонија (0-1) е виновна политиката и наметнатиот договор за добрососедство.
„Вината за скандирањата да си ја барате кај: 1. Политичарите во Македонија кои прифаќаат катастрофални уцени од Бугарија само со цел да си ги зачуваат кариерите.2. Политичарите од Бугарија кои сеуште живеат и работат како да се во 19-от век, со нескриени негаторски политика спрема македонскиот народ“, констатира Димовски на Фејсбук.
Поранешниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека во 1994 на Светското првенство во САД цела Македонија навивала за Бугарија кога го освои четвртотот место.
