Коментари

Не ги осудувам скандирањата против Бугарите, народот реагира зошто е потценуван, вели Јакимовски

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, не ги осудува скандирањата против бугарскиот народ, на натпреварот кој се одржа во Скопје. Тој вели: Народот секогаш е во право!

„За разлика од многу мои колеги јас НЕ ги осудувам вчерашните скандирања на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, напротив тоа е реалната слика. Народот реагира затоа што изминатиот период е манипулиран и потценуван од страна на нашите политичари од актуелната власт и од опозицијата. Не, колеги политичари, не е народот грешка, народот постапува според своите емоции и чувства и не е тој виновен туку може да се виновни само оние кои го водат. Затоа јас ги поддржувам граѓаните и нивниот искрен емоционален, национален крик. Да живее Македонија, глава горе македонци!

На почеток