Свет

Ќе побарам Путин да го разгледа пристапувањето на ЛНР во Руската Федерација, вели Пашечник

Денес, ЛНР ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин да го разгледа приемот на ЛНР во Руската Федерација.

Лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР) во Украина, Леонид Пашечник, најави дека подоцна денеска ќе подготви документ со кој ќе побара од Путин да го разгледа приемот на ЛПР во Руската Федерација, пренесува ТАСС.

„Резултатот е тука! Жителите на Луганската Народна Република се одлучија за светла и просперитетна иднина“, напиша тој на Телеграм, коментирајќи ги резултатите од референдумот организиран од проруските власти, за пристапувањето на ЛНР кон Русија.

„Денеска ќе подготвам соодветен документ во кој барам од рускиот претседател Владимир Путин да го разгледа пристапувањето на ЛНР во Руската Федерација како конститутивна членка во согласност со законот“, заклучи Пашечник.

Проруските власти во четири региони на Украина под контрола на Москва вчера објавија дека огромното мнозинство жители гласале за приклучување кон Руската Федерација, по пет дена гласање на референдумот што Киев и западните лидери го отфрлија како „фарса“.

На почеток