Инцијативата „Македонија блокира“ и денес ќе излезе на протести пред Собранието, против уставните промени и промена на уставното име.
Тие вчера протестите ги прогласија за успешни, бидејќи како што рекоа, привремено ги спречиле пратениците да ги изгласаат овие штетни измени со кои се брише се што е македонско.
„Отпорот продолжува во 12 часот. Излезете масовно Македонци и Македонки, ако сме бројни ќе успееме. Татковината повикува, последната шанса на нашата генерација“, велат од „Македонија блокира“.
Вчера, на протестот се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со дел од партиското раководство и пратениците. Тој беше исвиркан откако не сакаше да се обрати пред присутните.