Актуелно

Светски познат фудбалер доби повик за мобилизација

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна најави делумна воена мобилизација, која треба да додаде 300.000 резервисти во воените сили.

Меѓу нив имаше и светски познато име.

Станува збор за поранешниот фудбалер на Евертон и руски репрезентативец Динијар Билјалетдинов (37), кој за националниот тим настапил вкупно 46 пати.

„Динијар го прими повикот. Тешко е да се зборува за она што го чувствуваме. Точно е дека не служел војска, но воената должност ја вршел на поинаков начин и служел војска на спортски терен. Единствено не ми е јасно како тој како 37 годишен бил повикан во војска ако законот вели дека се повикуваат лица до 35 години мобилизација“, изјави неговиот татко Ринат за „БИА Новости“.

Кариерата на Билјалетдинов заврши во 2019 година, а во текот на кариерата, покрај за Евертон, настапуваше и за московските тимови Локомотива, Спартак и Торпедо, а го носеше и дресот на Анжи и Рубин.

На почеток