Македонија

Сменет началникот на Единицата за интервентна полиција

Началникот на Единицата за интервентна полиција, Примислав Димовски бил прераспределен на негово барање, тврдат од Министерството за внатрешни работи во одговор за „Фокус“, по веста дека Димовски е сменет од началничкото место на оваа Единица.

-Лицето за кое прашувате е на негово барање прераспоредено од Единицата за интервентна полиција. Неговата нова позиција според бројот на бодови претставува унапредување од претходната позиција, изјавиле од МВР за „Фокус“.

Според информации на Фокус од МВР, Димовски сега ќе биде виш полициски советник во Единицата стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет во Бирото за јавна безбедност.

На оваа позиција Димовски нема да биде еден од главните „играчи“ во МВР како досега, пишува Фокус.

На почеток