Актуелно

Русија „блокирана“ од сите страни: „Никогаш во историјата не било вака“

„Русија ќе се справи со 1.200 западни санкции, но не треба само да ги замени увозните производи, туку и да направи свои, во суштина нови.

Ова го изјави првиот заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Кириенко, пренесува Спутник.

„Веќе се воведени повеќе од 1.200 санкции на наша страна. Никогаш во историјата не биле наметнати толку многу санкции на ниту една земја во светот. Ќе се справиме со тие 1.200 санкции. Ако додадат повеќе, ќе се справиме и со нив“, рече Кириенко.

„Но, ова се предизвици, кога не треба само да создадеме имунитет на санкции, не само да го замениме увозот, туку и да создадеме нешто фундаментално ново. Треба да создадеме сопствени производи“, нагласи Кириенко.

На почеток