Свет

(ВИДЕО) Колапс во Риека: Водата носи се пред себе, има мртви

Полицијата во Риека вчеравечер извести дека околу 19 часот и 30 минути добила пријава дека во поплава под автомобил е пронајдено машко лице.

За жал, до доаѓањето на Брзата помош мажот починал, пишува 24 sata.hr.

Телото го испратиле на обдукција. Сообраќаен хаос настана во средата навечер бидејќи поројниот дожд создаде поплави.

Низ градот врнежите предизвикаа поројни поплави и бројни проблеми во сообраќајот.

Управата за цивилна заштита на хрватскиот МУП претходно предупреди за количеството на врнежи во регионот на Риека и Госпиќ, а Хидрометеоролошкиот завод ги издаде првите портокалови, а потоа и жолти предупредувања за подрачјето поради грмежи.

Новинарите на „Нови лист“ известуваат дека многу патишта се целосно затнати со автомобили кои стојат во вода.

Поплавени се влезовите на некои згради во центарот на градот, пишува Нови лист.

Градоначалникот на Риека и риечката полиција упатија апел до граѓаните да не ги напуштаат своите домови и доколку се веќе во своите автомобили, да не се обидуваат да возат низ водни порои.

Од Полициската управа Приморско-горанска велат дека на подрачјето на градот има голем број сообраќајни незгоди.

На почеток