Македонија

Трет ден трае потрагата по возачот кој со голф падна во Вардар

Продолжува потрагата по возачот на возилото кое на 27.09.2022 година излета во реката Вардар. Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 09:00 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино.
Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес и во текот на денот да се изврши пребарување во малото езеро во Зелениково.

На почеток