Путин мора да биде запрен, вели Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија може да ги избегне најлошите последици од војната против Украина, но за да се случи тоа, претседателот Владимир Путин мора да биде запрен.
Зеленски во синоќешното обраќање истакна дека планираното припојување на четири украински региони од страна на Кремљ нема да ги даде очекуваните резултати, пренесува Ројтерс.
Наместо тоа, самата Русија би станала нераскинливо поврзана со катастрофата на беззаконието, што се случува во областите окупирани од проруските сили во 2014 година, според Зеленски.
Да потсетиме, Путин денеска во Кремљ официјално ќе објави анексија на четири окупирани украински територии, откако во нив се одржа референдумот за анексија. Оваа најава предизвика осуда од Украина и западните земји.
Претставници на регионите Запорожје и Керсон, народни републики Луганск и Доњецк пристигнаа синоќа во Москва за да учествуваат на церемонијата на потпишување на договорот за пристапување на овие украински региони кон Руската Федерација, објави претседателот на движењето „Заедно со Русија“, Владимир Рогов.