Македонија

Ковачевски треба да прифати дека има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ, да не вреска од говорници, туку да дозволи да се провери неговата деловна способност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Дезертерот Ковачевски веќе не знае што и како зборува. Колку повеќе јавноста се интересира за тоа како го одбегнал воениот рок со дијагноза трајно неспособен, тој станува повеќе нервозен и жолчен. Очајните испади и навреди се резултат на тоа што веќе јавноста виде со каков дезертер и лажов си има работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Еднаш ја лажеше јавноста дека заради школувањето не служел војска, па после дека имал серија хируршки интервенции, па сега дека имал проблем со стомакот.

Што од сето ова е точно или сето ова е лага.

Единствено кое е вистина е дека дезертерот Ковачевски има тапија за трајна неспособност. Вистина е дека кога илјадници беа на првите редови на одбраната на суверенитетот на Македонија, Ковачевски избегнал служење на воен рок. Вистина е дека безочно ја лажеше јавноста и вистина е дека постојат основани сомненија дека трајната неспособност може е и деловна неспособност, што мора итно да се провери. Впрочем и во неговата партија веќе се сомневаат во него, па почнуваат да му даваат совети за ориентација.

Наместо да се пенави врескајќи и навредувајќи од говорници, Ковачевски треба да ја прифати вистината за тапијата за трајната неспособност и да дозволи да се провери дали таа влијае врз неговата можност на нормално вршење на премиерската функција“, се вели во соопштението.

На почеток