Свет

Расте бројот на жртви и исчезнати во Австрија -воени хеликоптери доставуваа храна

Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме.Илјадници се без струја или заробени во домовите пред снежната прекривка која расте од час во час. Aлармот поради заканите од лавини е на највисок , петти степен.

Повеќе од 40 места во покраината Салцбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска се отсечени од остатокот на Австрија и до нив не може да се стигне, поради што се прогласени кризни зони.

Речиси секојдневно во се објавуваат вести за жртви. Во Абтенау настрадаа двајца австриски државјани, еден словенечки скијач, кој скијал надвор од писта, погинал во Цаухензе, една Швајцарка и тројца Германци ги загубија животите во покраината Форарберг, а вчера попладне загина 16-годишен тинејџер во Санкт Антон ам Арлберг.
Во моментов се трага и по некои исчезнати лица во општината Лиленфелд.

Воени хеликоптери интервенираат со цел да ги снабдат жителите со храна, а повеќе од 1.200 војници се вклучени во акцијата за спасување и извлекување на граѓаните од завеаните места.

Австриските власти стравуваат да не се повтори драмата од пред 20 години, кога лавина ја погоди општината Гачтир и усмрти 38 лица, а повреди 50.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток